Грејт Портланд Стрит (метро-станица)
| Great Portland Street | |
Влез на станицата на пешачки остров | |
| Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 614: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Централен Лондон" does not exist Местоположбата на Грејт Портланд Стрит во рамките на Централен Лондон | |
| Местоположба | Грејт Портланд Стрит |
|---|---|
| Локална управа | Град Вестминстер |
| Раководство | Лондонско метро |
| Перони | 2 |
| Наплатна зона | 1 |
| Годишна прометност - Лондонско метро | |
| 2004 | 6,014 милиони[1] |
| 2005 | 5,378 милиони[1] |
| 2006 | 6,332 милиони[1] |
| 2007 | 6,211 милиони[1] |
| 2008 | 6,96 милиони[1] |
| 1863 | Отворена |
| Список на станици | Подземни Државна железница |
51°31′26″N 0°08′38″W / 51.5238°N 0.1438°W
Грејт Портланд Стрит (англ. Great Portland Street) е лондонска метро-станица близу Риџентс Парк. Се наоѓа помеѓу станиците Бејкер Стрит и Јустон Сквер на линиите Хамерсмит и Сити, Кружна и Метрополска. Припаѓа на Зона 1.
Оваа станица била дел од првата подземна железница во светот - Метрополската железница, а сообраќајот се одвивал на потегот помеѓу „Бишопс Роуд“ (Bishop's Road), (денешна станица Падингтон) на линијата Хамерсмит и Сити и „Фарингдон Стрит“ (Farringdon Street), (близу денешната станица Фарингдон). Отворена е на 10 јануари 1863 под името „Портланд Роуд“ (Portland Road), а денешното име го добила на 1 март 1917.
Локални знаменитости се Риџентс Парк и Поштенската кула. Мошне близу е станицата Риџентс Парк на линијата Бејкерлу.
Спроти станицата се наоѓа Меѓународниот студентски дом, а недалеку од ова е Харли Стрит, позната како улица на докторите и хирурзите.
Станицата се наоѓа на пешачко растојание од метро-станиците Риџентс Парк и Ворен Стрит.
Автобуски врски
[уреди | уреди извор]До станицата одат следниве лондонски автобуски линии: 18, 27, 30, 88, 205, 453, C2, 113, 139, 189, како и ноќната линија N18.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Перони кон запад
- Перони кон исток
- Знак на станицата
Наводи
[уреди | уреди извор]
| Претходна | Следна | |||
|---|---|---|---|---|
кон Хамерсмит |
Кружна линија | |||
| Хамерсмит и Сити | кон Еџвер Роуд |
|||
| Метрополска линија | кон Олдгејт |