31 март (настани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Поглед на Ајфеловата кула
1492  Кралицата Изабела I Кастилјска го издала Указ од Алхамбра со кој им наредила на своите 150.000 Еврејски поданици да го примат христијанството или ќе бидат прогонети.
1889  Во Париз свечено е отворена за посетителите Ајфеловата кула, челична конструкција висока 320 метри, што ја проектирал Густав Ајфел.
1918  Летното сметање на времето за првпат се применува во САД.
1931  Земјотрес ја разурнал Манагва, главниот град на Никарагва, при што загинале 2.000 луѓе.
1951  Првиот комерцијален сметачУНИВАК-I“ е испорачан во Бирото за попис на САД.
1979  Малта станала независна држава откако и последниот британски војник заминал од малтешките острови. Овој ден на Малта се прославува како Ден на слободата.