Прејди на содржината

Општини во Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карта на општините во Македонија (2004-2013).
Карта на руралните и урбаните општини во Македонија.

Општините во Македонија се административни единици од прв степен. Во август 2004 година, а дополнително во 2013, Македонија била реорганизирана на 80 општини од кои 10 го сочинуваат Градот Скопје, кој е посебна единица на локална самоуправа.

Во периодот од 1996 до 2004 година Македонија имала 123 општини, а со последната административна поделба бројот се намалил. Така, дел од општините останале непроменети, а дел биле споени со поголеми општини. По број на население и според пописот од 2002 година, најголема општина во Македонија е Куманово со 105.484 жители, а најмала е Општина Вевчани со 2.433 жители. По површина, најголема општина е Прилеп која има 1.194 км², а најмала е Општина Чаир со површина од 3,5 км².

Административната поделба на Македонија била сменета во 2013 година. Во 2013, по локалните избори на 24 март, општините Другово, Вранештица, Зајас и Осломеј престанале да постојат и биле припоени кон Општина Кичево, со седиште во градот Кичево. Така бројот на општини од 84 се намалил на 80. Голем број граѓани не се согласувале со оваа промена, слично како промените во општините Струга, Чашка, Долнени, Сопиште, меѓу другите.

Покрај општините, административно Македонија е поделена и на 8 плански региони, но тие не се сметаат за првостепена административна поделба, туку како плански региони за развој.

Историја

1952 - 1955

Во периодот од 1952 до 1955 година Народна Република Македонија имала повеќестепена административна поделба. Републиката била поделена на околии, потоа на градови, градски општини и општини.

1955 - 1957

Во периодот од 1955 до 1957 година Народна Република Македонија имала првостепена и второстепена административна поделба. Првостепената административна поделба била составена од околиите, кои биле вкупно седум, а второстепената административна поделна биле општините кои биле 86 на број. Дел од овие општини го формирале градот Скопје, кој имал посебен административен статус.

1957 - 1965

Во периодот од 1957 до 1965 година Народна Република Македонија, односно Социјалистичка Република Македонија, имала првостепена и второстепена административна поделба. Првостепената административна поделба била составена од околиите, кои биле вкипно седум, а второстепената административна поделна биле општините кои биле вкупно 73, т.е. 61 на број според подоцнежното укинување на 12 општини. Дел од овие општини го формирале градот Скопје, кој имал посебен административен статус.

1965 - 1996

Во 1965 година во Социјалистичка Република Македонија бил донесен нов закон со кој биле укинати околиите и како единствена административна поделба останале само општините. Тогаш биле создадени нови општини кои опстојувале до 1996 година, кога биле укинати со закон на Република Македонија. Од 1965 до 1996 година во Македонија имало 32 општини, од кои неколку го формирале градот Скопје како посебна административна единица.

1996 - 2004

Во 1996 година бил донесен нов закон за територијална поделба на Македонија со кој се укинал законот на СР Македонија. Според тој закон Македонија имала 123 општини кои претставувале првостепена и единствена административна поделба.

Општини

Во следната табела се наведени сите општини во Македонија по азбучен ред. Покрај тоа, во табелата има информации за седиштата на општините, кодовите, површината, населението и регионот во кој се наоѓаат истите. За знамињата и грбовите, видете ги галериите за општински знамиња и грбови.

Грб Општина HASC[1] ISO 3166-2:MK Седиште на општината Површина
(км2)[2]
Население
(2002)
Регион Општински службени јазици[1]
Аеродром[3] MK.AD MK-01 Аеродром (населба) 21,85 72.009 Скопски македонски
Арачиново MK.AR MK-02 Арачиново 38 11.597 Скопски македонски
албански
Берово MK.BR MK-03 Берово 597 13.941 Источен македонски
Битола MK.TL MK-04 Битола 790 95.385 Пелагониски македонски
Богданци MK.BG MK-05 Богданци 114 8.707 Југоисточен македонски
Боговиње MK.VJ MK-06 Боговиње 141 28.997 Полошки македонски
албански
Босилово MK.BS MK-07 Босилово 143 14.260 Југоисточен македонски
Брвеница MK.BN MK-08 Брвеница 164 15.855 Полошки македонски
албански
Бутел[4] MK.BU MK-09 Бутел (населба) 60,79 36.154 Скопски македонски
албански
Валандово MK.VA MK-10 Валандово 331 11.890 Југоисточен македонски
Василево MK.VL MK-11 Василево 231 12.122 Југоисточен македонски
Вевчани MK.VV MK-12 Вевчани 35 2.433 Југозападен македонски
Велес MK.VE MK-13 Велес 518 55.108 Вардарски македонски
Виница MK.NI MK-14 Виница 432 19.938 Источен македонски
Врапчиште MK.VH MK-16 Врапчиште 157 25.399 Полошки македонски
албански
турски
Гази Баба[5] MK.GB MK-17 Гази Баба (населба) 92 72.617 Скопски македонски
Гевгелија MK.GV MK-18 Гевгелија 484 22.988 Југоисточен македонски
Гостивар MK.GT MK-19 Гостивар 375 81.042 Полошки македонски
албански
турски
Градско MK.GR MK-20 Градско 291 3.760 Вардарски македонски
Дебар MK.DB MK-21 Дебар 85 19.542 Југозападен македонски
албански
Дебaрца MK.DA MK-22 Белчишта 423 5.507 Југозападен македонски
Делчево MK.DL MK-23 Делчево 423 17.505 Источен македонски
Демир Капија MK.DK MK-24 Демир Капија 312 4.545 Вардарски македонски
Демир Хисар MK.DM MK-25 Демир Хисар 480 9.497 Пелагониски македонски
Дојран MK.SD MK-26 Стар Дојран 129 3.426 Југоисточен македонски
Долнени MK.DE MK-27 Долнени 418 13.568 Пелагониски македонски
албански
Ѓорче Петров[6] MK.GP MK-29 Ѓорче петров (населба) 63 41.634 Скопски македонски
Желино MK.ZE MK-30 Желино 201 24.390 Полошки македонски
албански
Зелениково MK.ZK MK-32 Зелениково 177 4.077 Скопски македонски
албански
Зрновци MK.ZR MK-33 Зрновци 52 3.264 Источен македонски
Илинден MK.IL MK-34 Илинден (населба) 97 15.894 Скопски македонски
Јегуновце MK.JG MK-35 Јегуновце 174 10.790 Полошки македонски
албански
Кавадарци MK.AV MK-36 Кавадарци 998 38.741 Вардарски македонски
Карбинци MK.KB MK-37 Карбинци 231 4.012 Источен македонски
Карпош[7] MK.KX MK-38 Карпош (населби) 21 59.666 Скопски македонски
Кисела Вода[8] MK.VD MK-39 Кисела Вода (населба) 43 57.236 Скопски македонски
Кичево MK.KH MK-40 Кичево 838 56.734 Југозападен македонски
албански
Конче MK.KN MK-41 Конче 233 3.536 Југоисточен македонски
Кочани MK.OC MK-42 Кочани 357 38.092 Источен македонски
Кратово MK.KY MK-43 Кратово 375 10.441 Североисточен македонски
Крива Паланка MK.KZ MK-44 Крива Паланка 482 20.820 Североисточен македонски
Кривогаштани MK.KG MK-45 Кривогаштани 88 6.150 Пелагониски македонски
Крушево MK.KS MK-46 Крушево 190 9.684 Пелагониски македонски
албански
влашки
Куманово MK.UM MK-47 Куманово 432 105.484 Североисточен македонски
албански
Липково MK.LI MK-48 Липково 270 27.058 Североисточен македонски
албански
Лозово MK.LO MK-49 Лозово 166 2.858 Вардарски македонски
Маврово и Ростуша MK.MR MK-50 Ростуша 856 8.618 Полошки македонски
турски
Македонска Каменица MK.MK MK-51 Македонска Каменица 189 8.110 Источен македонски
Македонски Брод MK.MD MK-52 Македонски Брод 875 7.141 Југозападен македонски
Могила MK.MG MK-53 Могила 255 6.710 Пелагониски македонски
Неготино MK.NG MK-54 Неготино 414 19.212 Вардарски македонски
Новаци MK.NV MK-55 Новаци 755 3.549 Пелагониски македонски
Ново Село MK.NS MK-56 Ново Село 257 11.567 Југоисточен македонски
Податотека:Coat of arms of Ohrid Municipality (2014).svg Охрид MK.OD MK-58 Охрид 392 55.749 Југозападен македонски
Петровец MK.PE MK-59 Петровец 222 8.255 Скопски македонски
албански
Пехчево MK.PH MK-60 Пехчево 208 5.517 Источен македонски
Пласница MK.PN MK-61 Пласница 54 4.545 Југозападен македонски
турски
Прилеп MK.PP MK-62 Прилеп 1.198 76.768 Пелагониски македонски
Пробиштип MK.PT MK-63 Пробиштип 326 16.193 Источен македонски
Радовиш MK.RV MK-64 Радовиш 502 28.244 Југоисточен македонски
Ранковце MK.RN MK-65 Ранковце 240 4.144 Североисточен македонски
Ресен MK.RE MK-66 Ресен 549 16.825 Пелагониски македонски
Росоман MK.RM MK-67 Росоман 133 4.141 Вардарски македонски
Сарај[9] MK.AJ MK-68 Сарај (населба) 230 35.408 Скопски македонски
албански
Свети Николе MK.SL MK-69 Свети Николе 483 18.497 Вардарски македонски
Сопиште MK.SS MK-70 Сопиште 223 5.656 Скопски македонски
албански
Старо Нагоричане MK.NA MK-71 Старо Нагоричане 515 4.840 Североисточен македонски
српски
Струга MK.UG MK-72 Струга 469 63.376 Југозападен македонски
албански
Струмица MK.RU MK-73 Струмица 311 54.676 Југоисточен македонски
Студеничани MK.SU MK-74 Студеничани 276 17.246 Скопски македонски
албански
Теарце MK.TR MK-75 Теарце 137 22.454 Полошки македонски
албански
Тетово MK.ET MK-76 Тетово 262 86.580 Полошки македонски
албански
Центар[10] MK.CE MK-77 Центар (населба) 9 45.412 Скопски македонски
Центар Жупа MK.CZ MK-78 Центар Жупа 107 6.519 Југозападен македонски
турски
Чаир[11] MK.CI MK-79 Чаир (населба) 53 64.773 Скопски македонски
албански
Чашка MK.CA MK-80 Чашка 727 7.673 Вардарски македонски
албански
Чешиново-Облешево MK.CH MK-81 Облешево 133 7.490 Источен македонски
Чучер Сандево MK.CS MK-82 Чучер Сандево 215 8.493 Скопски македонски
албански
српски
Штип MK.ST MK-83 Штип 583 47.796 Источен македонски
Шуто Оризари[12] MK.SO MK-84 Шуто Оризари (населба) 6 22.017 Скопски македонски
ромски

Во март 2013 кон Кичево се припоиле следниве општини (горните податоци за Кичево се со вкупните податоци за сите пет поранешни општини):

Грб Општина HASC[13] ISO 3166-2:MK Седиште на општината Површина
(км2)[14]
Население
(2002)
Регион Општински службени јазици
Вранештица MK.VC MK-15 Вранештица 109 1.322 Југозападен македонски
турски
Другово MK.DR MK-28 Другово 383 3.249 Југозападен македонски
Зајас MK.ZA MK-31 Зајас 161 11.605 Југозападен македонски
албански
Осломеј MK.OS MK-57 Осломеј 137 10.420 Југозападен македонски
албански

Означени карти со врски

Карта на општините во Македонија од 2004 до 2013 година
Карта на општините во Македонија од 2013 година до денес

Белешки

^ Општини, вкупно 10, кои го сочинуваат Град Скопје
^ Хиерархиски административни поделбени кодови (HASC): поврзани со ISO поддржавните кодови

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

  • Министерство за локална самоуправа на Република Македонија
  • Заедница на единиците на локална самоуправа на Република Македонија
  • Државен завод за статистика на Република Македонија
  • „Општини во Македонија“. Statoids. (англиски) (англиски)