Пелагониски Регион

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Пелагониски регион)
Пелагониски Плански Регион
Регион
Грб
Потекло на името: Името потекнува од името на котлината Пелагонија.
Земја Македонија Македонија
Површина 4,717 км2
Население 238,136 (2002)
Основано 2009
Часовен појас UTC +1
Повикувачки бр. 047, 048
Oпштини 9
Седиште Битола
Раководител Гого Видимче
Контакт 047/ 232-800
Местоположба на регионот во рамките на Македонија.
Местоположба на регионот во рамките на Македонија.
Местоположба на регионот во рамките на Македонија.
Портал: Официјално мрежно место

Пелагониски Регион — еден од осумте статистички региони на Македонија. Овој регион се наоѓа во југозападниот дел на Македонија и се граничи со Грција и Албанија на југ и внатрешно со Југозападниот и Вардарскиот Регион. Главен град на регионот е Битола. Наречен е по областа Пелагонија.

Општини[уреди | уреди извор]

Карта на општините.

Пелагонискиот Регион опфаќа 9 општини, и тоа:

Општина HASC[1] Центар на општината Површина
(км2)[2]
Население
(2002)
 Битола MK.TL Битола 790 95 385
 Демир Хисар MK.DM Демир Хисар 480 9 497
 Кривогаштани MK.KG Кривогаштани 88 6 150
 Крушево MK.KS Крушево 190 9 684
 Могила MK.MG Могила 255 6 710
 Прилеп MK.PP Прилеп 1 198 76 768
 Ресен MK.RE Ресен 549 16 825
 Новаци MK.NV Новаци 755 3 549
 Долнени MK.DE Долнени 418 13 568

Демографија[уреди | уреди извор]

Демографска карта на регионот.

Население[уреди | уреди извор]

Според последниот попис од 2002 година, бројот на населението во Пелагонискиот Регион било 238.136 жители. Најмногу население во регионот имало во 1981 година, кога имало 290.573 жители. Од тогаш бројот на население бележи во постепено опаѓање.

Попис Население Промена
1948 223.797 н/п
1953 248.355 +9,88 %
1961 259.339 +4,23 %
1971 273.590 +5,20 %
1981 290.573 +5,84 %
1994 242.596 -16,5 %
2002 238.136 -1,83 %
2021 210.531 -11,59 %

Најголеми населени места[уреди | уреди извор]

Најголеми населени места во пелагонискиот регион се:

Ранг Место Население
1 Битола 74.550
2 Прилеп 66.246
3 Ресен 8.748
4 Крушево 5.507
5 Буково 3.494
6 Демир Хисар 2.593
7 Дебреште 2.424
8 Кривогаштани 1.870
9 Лажани 1.864
10 Житоше 1.807

Етнички групи[уреди | уреди извор]

Најголема етничка група во пелагонискиот регион се Македонците, но живеат и:

Број %
Вкупно 238.136 100
Македонци 204.471 85,9
Албанци 11.634 4,9
Роми 7.230 3,0
Турци 7.150 3,0
Бошњаци 2.380 1,0
Власи 2.307 1,0
Срби 713 0,3
други 2.251 1,0

Поврзано[уреди | уреди извор]