Источен регион

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Источен плански регион
Регион
Logo of Eastern Region, Macedonia.svg
Грб
Потекло на името: Името потекнува од местоположбата во рамките на Републиката.
Земја Македонија Македонија
Површина 3.537 км²
Население 181,858 (2002)
Основано 2009
Часовен појас UTC +1
Повикувачки бр. 032
Oпштини 11
Седиште Штип
Раководител Драгица Здравева
Контакт 032/ 386-412
Местоположба на регионот во рамките на Македонија.
Местоположба на регионот во рамките на Македонија.
Портал: Официјално мрежно место

Источниот регион е еден од осумте статистички региони на Македонија. Овој регион се наоѓа во источниот дел на Македонија и граничи со вардарскиот, скопскиот, североисточниот и со југоисточниот регион.

Општини[уреди | уреди извор]

Источниот регион вклучува 11 општини[1]:

  1. Coat of arms of Berovo Municipality.svg Берово
  2. Coat of arms of Vinica Municipality, Macedonia.svg Виница
  3. Coat of arms of Delčevo Municipality.svg Делчево
  4. Coat of arms of Zrnovci Municipality.jpg Зрновци
  5. Coat of arms of Karbinci Municipality.svg Карбинци
  6. Coat of arms of Kočani Municipality.svg Кочани
  7. Coat of arms of Makedonska Kamenica Municipality.svg Македонска Каменица
  8. Coat of arms of Pehčevo Municipality.svg Пехчево
  9. Coat of arms of Probištip Municipality.svg Пробиштип
  10. Coat of arms of Češinovo-Obleševo Municipality.svg Чешиново-Облешево
  11. Coat of arms of Štip Municipality.svg Штип
Општините во регионот.

Демографија[уреди | уреди извор]

Карта на мнозинските етнички групи во регионот.

Население[уреди | уреди извор]

Моменталната бројка на населението на источниот регион е околу 181.858 жители или 10 % од вкупното население на Македонија, според новите граници кои не ги вклучуваат Свети Николе и Лозово.

Попис Население Промена
1994 201.525[2] N/A
2002 181.858 +1.94%

Најголеми населби[уреди | уреди извор]

Помеѓу најголемите населени места во регионов се:

Ранг Населено место Население
1 Штип 43.652
2 Кочани 28.330
3 Делчево 11.500
4 Виница 10.863
5 Пробиштип 10.816
6 Берово 7.002
7 Македонска Каменица 5.147
8 Пехчево 3.237
9 Злетово 2.477
10 Зрновци 2.221

Етнички групи[уреди | уреди извор]

Најголемите етнички групи во регионот се Македонците, но тука живеат и:

Број %
Вкупно 203.213 100
Македонци 188.522 92.77
Роми 6.927 3.40
Турци 2.636 1.29
Власи 2.514 1.23
други 2.614 1.28
Забелешка: Податоците се според старите граници на регионот, односно ги вклучува општините Свети Николе и Лозово, кои денес се дел од Вардарскиот регион.


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Источен регион“. http://www.rdc.mk/eastregion/mk/2009-04-16-14-42-50.html. посет. 29 април 2011 г. 
  2. Според старите граници со општините Свети Николе и Лозово.

Поврзано[уреди | уреди извор]