Разлика помеѓу преработките на „Отоманско Царство“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
с
нема опис на уредувањето
с (Отстрането уредувањето на 217.16.88.179 (разговор), вратено на последната верзија на Bjankuloski06)
с
Новиот султан, [[Селим I]], успеал да ги зазеде современите држави [[Сирија]], [[Либан]], [[Палестина]] и [[Египет]], вклучувајќи го и светиот град [[Ерусалим]], како и [[Каиро]], престолнината на [[Абасидски калифат|Абасидите]]. По ова, тој се прогласил за калиф во империјата. Империјата воспоставила морнарица во [[Црвено Море]]. Ова главно се споровело поради поморските војни со [[Португалија]] кои се воделе главно за трговијата. Во текот на овој период, империјата се натпреварувала со големите европски колонијални сили, во [[Индиски Океан]]. Голем број на флоти, со војници и оружје, биле испраќани за поддршка на муслиманските владетели во [[Кенија]] и во [[Ачех]].
[[Податотека:Ottoman small animation.gif|мини|лево|250|Ширењето на империјата]]
Наследник на Селим I бил [[Сулејман I]]. Во негово време, тој ги освоил најсветите муслимански градови [[Мека]], [[Медина]], [[Ерусалим]], [[Дамаск]] и [[Багдад]]. Во [[август]] [[1521]] година била освоена речиси цела [[Србија]]. Во [[1522]] година бил заземен [[Родос]]. На [[29 август]] [[1526]] година започнала [[Мохачка битка (1526)|Мохачката битка]]. [[Отоманци]]те ги поразиле сојузничките христијански сили предводени од [[Лајош II]]. Битката го означил крајот на [[Кралство Унгарија]]. Од [[1541]] година Сулејман го контролирал поголемиот дел до денешна [[Унгарија]], како и [[Трансилванија]], [[ВлахијаВлашка]] и [[Молдавија]] кои станале вазалства на султанот. Сулејман водел три воени кампањи против Сафавидската империја во [[Персија]] и [[Ирак]]. Во [[1534]] година бил заземен градот [[Багдат]]. Вториот поход ([[1548]]-[[1549]]) резултурал со зазимање на [[Табриз]] и [[Азербејџан]], [[Ван (покраина)|провинцијата Ван]] и делови од денешна [[Грузија]]. Третиот поход се случил во [[1555]] година, кој завршил со договорот од [[Амасија]], според кој биле признаени границите на Отоманската империја. Во текот на неговото владеење биле спроведени воени походи во [[Северна Африка]] во кој биле заземани [[Освојување на Тунис (1534)|Тунис]], [[Алжирска инвазија (1541)|Алжир]] и [[Опсада на Триполи (1551)|Триполитанија]]. Во овој период, Отоманската империја станала доминантна во [[Средоземно Море]]. Отоманската морнарица исто така обезбедила контрола и над [[Црвено Море]] и [[Персиски залив|Персискиот залив]] во [[1554]] година, кога нивните сили биле поразени од страна на [[Португалска империја|Португалија]]. По ова следувал поразот во [[Падот на Аден (1548)|битката кај Аден]] во [[1548]] година. Во [[1533]] година, [[Хајредин Барбароса]] спровел воен поход против [[Хабсбуршка Шпанија]]. Во [[1541]] година бил [[Опсада на Будим (1541)|опсаднат]] градот [[Будим]]. Опсадата резултирала со зазимање на градот [[Буда (град)|Будим]]. По оваа победа била воспоставена контрола над средна Унгарија. Битката е дел од т.н. [[Мала војна во Унгарија]]. Победата претставува една од најзначајните на Османлиите против [[Фердинанд I (Света Римска империја)|Фердинанд I]], најмногу поради тоа што градот во следните 150 години бил под нивна контрола<ref>Garnier, p.200</ref>.
[[Податотека:SiegeOfViennaByOttomanForces.jpg|thumb|left|[[Опсада на Виена (1529)|Опсада на Виена]] од 1529 година]]
Периодот на реформите својот врв го достигнал кога бил донесен [[Отомански устав|Отоманскиот устав]], кој бил напишан од страна на членовите на [[Младотурци]]те. Тој бил изгласен на [[23 ноември]] [[1876]] година. Споиред уставот, во рацете на султанот останала апсолутната власт, и самите министри останале да бидат одговорни пред него. [[Прва уставна ера (Отоманска империја)|Првата уставна ера]] од историјата на империјата била краткотрајна. Во [[1876]] година, султанот [[Абдул Азис]] бил симнат од власт од страна на неколку либералните кругови во империјата. Тој абдицирал во корист на [[Мурат V]]. Сепак, новиот [[султан]] бил ментално болен и од престолот бил соборен по само неколку месеци. Негов наследник станал [[Абдул Хамид II]] ([[1876]]-[[1909]]). Во време на неговото владеење во империјата стапил насила првиот Отомански устав, на [[23 декември]] [[1876]] година.<ref>[[Patrick Kinross|Kinross, Patrick]] (1977) ''The Ottoman Centuries: The Rise and Fall of the Turkish Empire'' London: Perennial. ISBN 978-0-688-08093-8. p. 576.</ref> Исто така бил создаден и првиот отомански парламент. По неуспехот на Цариградската конференција, империјата претрпела пораз по Руско-турската војна од [[1877]]-[[1878]], по која империјатата засекогаш ја изгубила [[Бугарија]] со потпишувањето на [[Санстефански договор|Санстефанскиот мировен договор]] ([[3 март]] [[1878]] година). Во почетокот на [[1878]] година уставот бил суспендиран и парламентот распуштен. Бил воспоставен тирански режим во останатите делови на Отоманската империја (претежно [[Македонија]]).
[[Податотека:Ottoman Parliament 1877.jpg|thumb|десно|250px|Отоманскиот парламент]]
[[Национализам|Национализмот]] во Отоманската империја од страна на потчинетите народи сè повеќе доаѓал до израз. Во [[1821]] година била формирана [[Прва Грчка република|Првата Грчка република]]. Таа била првата земја од [[Балкан]]от која ја прогласила својата независност од империјата. Официјално од страна на [[Висока порта|Високата порта]], новата земја на Балканот била приознаена по завршувањето на [[Грчка војна за независност|грчката војна за независност]]. Танзиматските реформи не го сопрел национализмот во [[Дунавски кнежества|Дунавските кнежества]] и [[Кнежество Србија]], кои биле полунезависни за речиси шест децении. Во [[1875]] година, [[Кнежество Црна Гора|Црна Гора]] и Србија, заедно со [[Обединето кнежество на ВлахијаВлашка и Молдавија|Обединетото кнежество ВлахијаВлашка и Молдавија]] ја прогласиле својата независност од Отоманската империја. Во [[1876]] година, на територијата на денешна [[Бугарија]] избувнало т.н. [[Априлско востание]] кое индиректно довело до создавање на новата бугарска држава, кое се случило по две години, по [[Руско-турска војна (1877-1878)|Руско-турската војна]] од [[1877]]-[[1878]], како [[Кнежество Бугарија]].
 
Во [[Македонија]], како и во останатите балкански земји, исто така избувнале неколку востанија. Така, во [[1876]] и [[1877]] година избувнале [[Разловечко востание|Разловечкото востание]] и [[Кресненско востание|Кресненското востание]]. Едно од наголемите востанија на македпнскиот народ избувнало во [[1903]] година, познато како [[Илинденско востание]]. Востанијата главно биле насочени против османлиската тиранија и желбата за создавање на нова држава на [[Балкан]]от. Сите овие бунтови против османлиската власт биле крваво задушувани.

Прегледник