Црква Свети Никола (Асколдова могила)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Црква Свети Никола
Церква святого Миколая
МестоКиев
ЗемјаУкраина
ВероисповедУкраинска гркокатоличка црква
Историја
Основана1809
Основач(и)Самијло Мештераков
Посветена наСвети Никола
Архитектура
Архитект(и)Андреј Иванович Меленски
СтилАмпир
Завршена1810

Црквата Свети Никола на Асколдовата могила (украински: Церква святого Миколая Аскольдова могила) е христијански храм кој се наоѓа во Киев, Украина.

Сегашната црква била изградена во 1809 година, а како главен архитект бил Андреј Иванович Меленски.

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата Свети Никола била изградена за прв пат најдоцна до 10 век. Во текот на историјата, ова место се нарекувало, како што е и денес, Асколдова могила, односно место каде се наоѓа гробот на викиншкиот военоначалник Асколд, кој заедно со Дир го завладеал Киев, а подоцна организирал и поход кон Константинопол. Името на црквата која била изградена во тоа време била посветена на Свети Никола. За изградба на црквата, големо влијание имала војвотката Олга или Олма. Сепак, некои тврдат дека основач на црквата бил самиот Асколд.

Во 971 црквата на Свети Никола била уништена од страна на синот на Олга - Светослав I, чие владеење е поврзано со враќање на паганските обичаи и прогонство на христијанското население. Во 990 година, кнезот Владимир ја изградил црквата од дрвен материјал. Во 1036 година, на ова место бил основан голем манастир.

Според една легенда, во 1113 година, војводата Мстислав I отишол на лов во шумата, каде се загубил. Во густата шума тој наеднаш видел една голема светлина која ја осветлила една икона, која кога отишол да ја види, припаѓала на Свети Никола. Така, во негов спомен, тој на ова место ја основал црквата.

Во 1809 година, трговецот Самијло сакал да го зачува сеќавањето за својата сопруга, која починала во Киев, и која била погребана на ова место. За таа цел, тој финансирал изградба на црква за 8000 рубли, и истата била изградена во 1810 година. Во 1847 година, било планирано рушење на црквата поради постојаното лизгање на земјиштето. Сепак, на 10 септември комплексот бил посетен од страна на рускиот цар Николај I, кој истото го забранил. Во следните години, овие гробишта служеле за погребување на богатите жители на Киев. Во следните години, цкомплексот бил на неколку пати реновиран.

Во времето на советскиот режим, црквата била затворена. Во следните години, црквата доживела постојано рушење, за да по падот на комунизмот во 1997 година биде повторно реконструирнан.