Хетмански музеј

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хетмански музеј
Музей гетьманства
Budynok Mazepy Kyiv.jpg
Основан 1993
Место Киев, Украина Украина
Директор Галина Јарова
Мреж. место http://www.getman-museum.kiev.ua/
hetmanmus@ukr.net

Хетманскиот музеј (украински: Музей гетьманства) е музеј кој се наоѓа во престолнината на Украина, Киев. Овој музеј претставува културна и истражувачка институција од историско значење, каде се наоѓаат неколку експонати поврзани од историјата и традициите на козачките Хетмани.

Музејот бил основан во 1993 година, со декрет на претседателот на Украина. Зградата во која денеска се наоѓа музејот датира од 18 век и 19 век, позната како Куќата на Иван Мазепа. Во 1717 година, објектот припаѓал на семејството Сичевски. Во 1811 година, куќата настрадала од пожар и истата била обновена од страна на архитектот Андреј Меленски. Кон крајот на 19 век, во куќата живеело семејството Морацевски, а по 1917 година таа била национализирана и претворена во комунален стан. Во доцните 1980-ти, куќата била празна и во лоша состојба. По падот на комунизмот, зградата била реновирена и претворена во музеј.

Денеска, музејот содржи библиотека од над 3,000 книги. Исто така, во музејот се наоѓаат околу 6,000 експонати.