Црква на раѓањето на Јован Крстител (Киев)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Црква на раѓањето на Јован Крстител
Церква Різдва Іоанна Предтечі
Карта
Место Киев
Земја Украина
Историја
Основана1866
Архитектура
Стилампир
Завршена1866
Урната1935

Црквата посветена на раѓањето на Јован Крстител (украински: Церква Різдва Іоанна Предтечі) е поранешна православна црква кој се наоѓала во Киев, Украина. Црквата била изградена во 1866 година, а била разрушена во 1935 година.

Првата дрвена црква била изградена во периодот од 1715 до 1729 година. Во 1763 година била изградена нова црква, на местото на старата. Таа црква постоела 100-тина години, кога во 1864 година била разрушена и на нејзино место била изградена нова црква, која била посветена на раѓањето на Јован Крстител.

Во 1935 година црквата била разрушена. Во 2009 година била изградена мала капела, исто така од дрво, во чест на Јован Крстител.