Трпезна црква Свети Петар и Павле (Киев)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Трпезна црква Свети Петар и Павле
Трапезна церква Петра і Павла
Карта
МестоКиевско-печерска лавра,  Киев
Земја Украина
Историја
Основана1686
Архитектура
Стилукраински барок
Завршена1694
Урната1893

Трпезната црква Свети Петар и Павле (украински: Трапезна церква Петра і Павла) е поранешна православна црква кој се наоѓала во Киевско-печерската лавра во Киев, Украина. Црквата била изградена во 1694 година, а била разрушена во 1893 година.

Во текот на 1686 година, во близина на Успенската катедрала била изградена дрвена црква и посветена на апостолите Свети Петар и Свети Павле. Во периодот од 1686 до 1694 година, на местото на оваа црква била изградена нова црква од градежен материјал во класичен украински барок стил.

Во 1893 година било решено и оваа црква да биде разрушена, а на нејзино место да биде изградена нова црква. За главен архитект бил избран Владимир Николаев.