Црква Свети Кирил (Киев)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Координати: 50°28′59″ СГШ; 30°28′18″ ИГД / 50.483091° СГШ; 30.471772° ИГД / 50.483091; 30.471772

Црква Свети Кирил
Кирилівський монастир
St Cyril's Monastery (Panorama).JPG
Основни податоци
МестоКиев, Украина
Осветен1140
Архитектонски опис
Архитектонски стилбарок
Завршен1896

Црквата Свети Кирил (украински: Кирилівський монастир) е средновековен христијански храм кој се наоѓа во Киев, престолнината на денешна Украина. Самата црква се наоѓа во истоимениот комплекс кој датира од времето на Киевска Рус од 12 век.

Манастирот Свети Кирил бил основан во 1140 од страна на Всеволод II, кнез на Киев и истиот комплекс е посветен на Кирил Александриски[1]. Во втората половина на 12 век, принцезата Марија, вдовица на Всеволод, го поставила камен темелникот на црквата.

Во 1734 година, комплексот бил зафатрн од пожар, кое довело до некого реконструирање од страна на украинскиот архитект Иван Хрихорович. Камбанеријата во манастирот била изградена во 1760 година. Обновата започнала во 1750 а завршила десет години подоцна. Во 1787 година, манастирот Свети Кирил Александриски бил затворен од страна на руските власти и истиот комплекс бил претворен најпрвин во болница, а подоцна и во лудница.

По доаѓањето на комунистите на власт, манастирот бил прогласен за споменик од историско значење[2] . Црквата во манастирот била затворена и претворена подоцна во музеј. Во 1936 година била донесена на одлуката за распуштање на монашките структури во земјата.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Malikenaite, Ruta (2003). Guildebook: Touring Kyiv. Kyiv: Baltia Druk. ISBN 966-96041-3-3. 
  2. Fedchenko, Alla Mikhailovna (1977). St. Cyril's Church. Kiev: Mistetstvo.