Црква Свети Александар Невски (Киев)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Поврзано: Свети Александар Невски (појаснување)
Црква Свети Александар Невски
Церква Олександра Невського (Київ)
Место  Киев
Земја  Украина
Историја
Основана 1899
Архитектура
Завршена 1890
Урната 1934?

Црквата Свети Александар Невски (украински: Церква Олександра Невського) е поранешна православна црква кој се наоѓала во Киев, Украина. Црквата била изградена во 1890 година, а била разрушена во 1934 година.

Главен архитект на црквата бил Владимир Николаев. Црквата се наоѓала во Маринскиот парк, во Печерскиот реон.

Од најпрестижните христијански храмови во реонот се наоѓа Црквата Берестово спасение. Жителите на областа, заедно со свештениците на црквата во 1881 година покренале иницијатива за изградба на нова катедрална црква. Оваа иницијатива не поминала бидејќи не биле обезбедени доволно финансиски средства.

Сепак, во 1887 година била покренета нова иницијатива која собрала средства за изградба на нова црква. Така, на 16 јули 1888 година, од страна на архитектот Николаев биле ставени темелите на црквата. Црквата била изградена во брз временски период, и истата била наменета за околу 400 верници односно посетители. Големата купола го направила одлично осветлувањето во храмот, а иконостасот бил направен од страна на киевските уметници.

Храмот многу бргу бил претворен во црковна парорхија, наместо црквата на Берестовото спасение. Од таа црква би,ле пренесени неколку реликви.

Точниот датум на разрушувањето на храмот посветен на Александар Невски не е познат. Како причина за рушење на црквата била новиот урбанистички план на градот, кој предвидувал проширување на улиците. Се претпоставува дека објектот бил разрушен поради изградба на објектите на НКВД, денеска Владата на Украина, и Украинскиот извршен комитет, денеска Украинскиот парламент.