Светошинскиот реон (украински: Святошинський район) е административен реон во Киев, главниот град на Украина. Како резултат од последната административна поделба на градот која била спроведена во септември 2001 година, според одлуката на Киевскиот градски совет на 1 јануари 2001 година името на реонот бил преименуван во Светошински реон. Претходно, во советско време реонот се нарекувал Ленинградски.