Црква Свети Јован Златоуст (Шевченковски реон - Киев)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Црква Свети Јован Златоуст
Церква Іоана Златоуста
Карта
Место Киев
Земја Украина
Историја
Основана1867
Архитектура
Завршена1871
Урната1934

Црквата Свети Јован Златоуст (украински: Церква Іоана Златоуста) е поранешна црква која се наоѓала во Киев, Украина.

Црквата била изградена во 1871 година, а била разрушена во 1930-тите години. Дрвената црква се наоѓала во стариот град на Киев. Според урбанистичкиот план на градот, истата требало да биде преместена. Така, таа била преместена во периферијата на градот. Новата црква започнала да се гради во 1867 година, и свечено била отоврена во 1971 година. Тоа било прв пример во Руската Империја, да една црква биде изградена од железо.

Во тоа време, црквата била посетувана од околу 7,000 верници. Главен недостаток на црквата било тоа што во зима во неа било многу ладно, а во летото многу топло. Освен тоа, црквата немала никаква вентилација.

Поради ова, во почетокот на 20 век, црквата била реновирена.

Во 1934 година, храмот бил разрушен од страна на болшевиците.