Црква Свети Илија (Киев)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Црква Свети Илија
Ильинская церковь
Место Киев
Земја Украина
Вероисповед УПЦ-МП
Историја
Основана 1692
Архитектура
Стил украински барок

Црквата Свети Илија (украински: Іллінська церква) е црква која се наоѓа во Киев, Украина. Христијанскиот храм бил изграден во 1692 година на местото на стара дрвена црква.

Во моментот црквата претставува архитектонски споменик и е под надлежност на Украинската православна црква - Московска патријаршија

Оваа црква е можеби една од првите кои биле изградени во времето на Киевска Русија[1].. Црквата се споменува во периодот пред да биде христијанизиран регионот, односно во средината на 10 век. Според некои извори, црквата била изградена во времето на киевските принцови Асколд и Дир. Во еден нивен воен поход, бродот во кој се наоѓале го зафатил голема бура, по кое следувало потонување на истиот. Со помош на христијанскиот Бог, тие успеале да се извлечат, и веднаш по пристигнувањето во Киев, тие се покрстиле и ја изградиле црквата посветена на Свети Илија.

Се претпоставува дека христијанзиацијата на Киевска Русија во 988 година се случило токму во оваа црква, која се наоѓа на брегот од реката Дњепар.

Во 1692 година, од страна на Петар Гудим старата црква од дрво била разрушена, и била изградена нова. Во тоа време храмот претставувал доста мал христијански објект. Во првата половина на 18 век била изградена камбанеријата а црквата била реконструирана во украински барок стил. Во текот на 1904 година, црквата повторно доживеала реновирање, како и во 1909 година.

Во 1930-тите години, црквата била затворена од страна на советските власти, а по Втората светска војна црквата била повторно отворена.

Наводи[уреди | уреди извор]