Украински барок

Од Википедија — слободната енциклопедија
Манастирот со златни куполи Св Михаил во Киев претставува еден од најтипичните примери на украинската барокна архитектура

Украински барок или Козачки барок или Мазепа барок е архитектонски стил кој се појавил во XVII и XVIII век. Историскиот и регионалниот стил на украинскиот барок се одликувал со комбинација на композициски решенија со елементи на западноевропскиот барок и ренесанса како и креативна употрба на архитектонското наследство во градежништвото на православната црковна архитектура, старо руската архитектура и украинската народна декоративност[1].

Како што забележуваат некои истражувачи, градбите од украинскиот барок најприсутни се на левиот брег на реката Днепар. При градбата на црквите, традиционалните елементи на народната дрвена архитектура биле земени предвид дури и многу повеќе од претходните традиции на православната архитектура.

Украинскиот барок се разликува од барокот на Западна Европа, затоа што има поумерено украсување и поедноставни форми. Зачувани се многу украински барокни градби, вклучително и неколку поистакнати во Киев - Печерска Лавра и манастирот Видбучи во Киев[2].

Напоредно со архитектурата се развивало и барокното сликарство, најистакнати се делата и црковните слики, особено во црквата „Света Троица“ во Киевската Печерска Лавра. Брзиот развој во техниките на гравирање се случил за време на украинскиот барокен период. Биле користени комплексни мотивски системи на симболика, алегорија, хералдички знаци и раскошни украси[3].

Во вајарството: нај истакнат е украинскиот барокен вајар Јохан Георг Пинзел, којшто создавал во текот на средината од 18 век во Галиција - неговите дела, биле претставени на изложбата во 2012-2013 година во музејот Лувр во Париз. Пинсел, се одликувал со уникатна, маестрална експресивност на формата и многу поединечна карактеризација на драперијата, денес е познат како водечка фигура во европската барокна скулптура.

Во 17 век, украинскиот барок ја постигнал својата златна ера во времето на козакот Хетман Иван Мазепа, тоа било време кога барокот бил оригинална синтеза на западноевропските барокни архитектонски форми и украинските национални барокни архитектонски традиции[4].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Baroque
  2. UKRAINIAN BAROQUE
  3. „Kiev Pechersk Lavra“. Архивирано од изворникот на 2020-05-02. Посетено на 2020-04-04.
  4. BAROQUE AND UKRAINIAN BAROQUE

Надворешни врски[уреди | уреди извор]