Ѕвириненски гробишта (Киев)
Изглед
Влезот од гробиштата | |
Податоци | |
---|---|
Основани | 1833 |
Место | Киев, Украина |
Земја | Украина |
Координати | |
Тип | јавни |
Големина | 5,6 хектари |
Ѕвириненските гробишта (украински: Звіринецьке кладовище) се гробишта кои се наоѓаат во Киев, Украина.
Во самите гробишта некогаш се наоѓала црквата Раѓање на Јован Крстител, која црква постоела од 1715 до 1930-тите, кога била срушена. Долго време, овде биле погребувани жителите на предградијата на Киев. Во 1930 година, на овие гробишта биле пренесени останките на дел од гробовите во Асколдовата могила, која била делумно уништена.
На овие гробишта почиваат:
- Андреј Подолински Иванович, руски поет
- Сергеј Подолински Андријович, украински деец
Во 1975 година бил создаден споменик на влезот од гробиштата во спомен на жртвите од Втората светска војна.