Чоколадна куќа (Киев)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Чоколадна куќа
Шоколадний будиночок
Шоколадний будиночок.JPG
Општи податоци
Стилбарок
АдресаЧоколадна улица
ГрадКиев
ЗемјаУкраина
Почната1899
Завршена1901
Проектирање и изградба
АрхитектВладимир Николаев

Чоколадната куќа (украински: Шоколадний будиночок) претставува споменик на историјата и архитектурата на Украина, која се наоѓа во Киев, на истоимената улица, во близина на куќата Икскул-Хилденбанд

Куќата била изградена во 1901 година од страна на главниот архитект на Киев, академик Владимир Николаев по нарачка на познатиот трговец Семјон Могиловски, кој живеел во неа сè до неговата смрт во 1917 година.

Настани во куќата:

  • 1917-1918 година живеел Игор Кистјаковски, украински државник
  • 1919 година живеел болшевичкиот активист Крсто Раковски
  • 1925 година живееле научниците од НАНУ
  • 1934 година, објектот бил реновиран
  • 1948 година, овде се наоѓала канцеларијата на Советот на министри на СССР
  • 1960-1982 година, објект каде се одржувале свадби
  • 1982 година станала Канцеларија за култура и уметност на градот Киев
  • 1983-1986 година објектот бил подложен на реставрација.
  • 1986 година, овде била сместена детската уметничка галерија
  • 1991-1993 година, објектот бил подложен на реставрација
  • 2010 година, куќата била отворена за јавноста како музеј на детската галерија