Лукјановски еврејски гробишта (Киев)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лукјановски еврејски гробишта
Лук'янівський єврейський цвинтар
Jewish cemetery Kyiv.jpg
Влезот од гробиштата
Податоци
Основани 1894-1962
Место Киев, Украина
Земја Украина
Тип неактивни

Лукјановските еврејски гробишта (украински: Лук'янівський єврейський цвинтар) се неактивни гробишта кои се наоѓаат во Киев, Украина.

Еврејските гробишта на тогашната периферијата на Киев, Лукјановка, биле отворени во 1894 година на просторот помеѓу денешните улици Мелников и Репјахов јар. На овие гробишта биле погребани десетици илјади евреи. Во 1937 година, комплексот бил затворен за погреби, а за време на германската окупација, голем број на гробови биле уништени. Уништувањето на гробовите продолжило и по војната.

Во 1958 година, голем дел од еврејските гробови, односно останки, биле пренесени на северозападниот дел од периферијата на градот, односно на Берковечките гробишта. Во 1962 година, советот на градот конечно излегол со резолуција според која градот се откажува од гробитата. Така, голем дел од истите биле разрушени, ограбени или исчезнати.