Плоштад Лав Толстој (Киев)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Контрактовски плоштад
Контрактова площа
Lva Tolstogo old.jpg
Општи податоци
ГрадКиев
ЗемјаУкраина

Плоштадот Лав Толстој (украински: Площа Льва Толстого) е плоштад кој се наоѓа во Киев, Украина. Плоштадот се наоѓа во реонот Шевченко, поврзувајќи се со улиците Црвена армија, Лав Толстој и Александар Пушкин.

Плоштадот започнал да се гради во втората половина од 19 век. Во 1891 година, областа била наречена Караваевска според хирургот Владимир Караваев. Еден од првите објекти кои биле изградени овде била Караваевската бања. Овде се наоѓала и куќата на Лав Бендерски.

Во 1914 било планирано да биде изграден споменик на Тарас Шевченко, но ова не се остварило поради војната. Во 1938 улицата била преименувана според Лав толстој, а со тоа и плоштадот.