Парк на партизанската слава (Киев)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Парк на партизанската слава
Парк партизанської слави
Парк
Земја  Украина
Град Киев
Знаменитост Музеј на партизанската слава

Паркот на партизанската слава (украински: Парк партизанської слави) е еден од парковите кој се наоѓа во престолнината на Украина, Киев. Паркот е сместен во Дарнитската област.

Паркот бил изграден во 1970 година, а како главен објект во паркот е истоимениот музеј

Паркот има површина од 111 хектари и главно се состои од борова шума со 36 различни водови на растенија. Тој е посветен на борците односно партизаните кои паднале во текот на Втората светска војна. Целиот парк е поделен на неколку зони каде често се одржуваат забавни, културни и образовни настани.