Киевско речно пристаниште

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Киевско речно пристаниште
Київський річковий вокзал
Kiev River Port 2007.JPG
Општи податоци
Град Киев
Земја Украина

Киевското речно пристаниште (украински: Київський річковий вокзал) е главното пристаниште во престолнината на Украина Киев, кое се наоѓа на десниот брег од реката Днепар, во историскиот дел од градот.

Оваа станица била изградена во периодот од 1957 до 1961 година, и е лоцирана на Поштовиот плоштад. За главни архитекти биле избрани Вадим Хопкало, Вадим Ладни и Григориј Слуцки.

Самата зграда има четири спратови. На првите два се наоѓаат администрацијата, шалтерите, гардеробите а во останатите два ресторани, пошта и кафебар.