Централен музеј на вооружените сили на Украина
Поглед кон музејот | |
Основан | 1995 |
---|---|
Место | Киев, Украина |
Мреж. место | http://perecrestok.kiev.ua/concerto_halls/kiev/dom-oficerov |
Централниот музеј на вооружените сили на Украина (украински: Центральний музей Збройних Сил України) — музеј кој се наоѓа во престолнината на Украина, Киев.
Музејот бил основан во октомври 1995 година. Следната година, според одлуката на Министерството за одбрана на Украина музејот станал главен или централен музеј од сите останати музеи со иста намена во земјата. Музејот своите врати за јавноста ги отворил во јуни 1998 година и од тогаш станал еден од најпопуларните во градот и земјата, посебно за обожавателите на воената историја.
Музејот се наоѓа во објектот на Домот на офицерите, кој објект бил изграден во периодот од 1931 до 1932 година од страна на архитектот Јосип Каракис.
Експонатите во денешниот музеј датираат од времето на Киевска Рус, преку национално-ослободителната војна во текот на 17 век, периодот од Втората светска војна и од независноста на Украина до денес.