Куќа на Петар Велики (Киев)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Куќа на Петар Велики
Будинок Петра I
House of Peter Kyiv 01.jpg
Основан1780
МестоКиев, Украина

Куќата на Петар Велики (украински: Будинок Петра I ) е музеј кој се наоѓа во престолнината на Украина, Киев.

Денеска овој архитектонски споменик работи како подружница на Музејот на историјата на Киев.

Историја[уреди | уреди извор]

Т.н. Дом на Петар Велики најверојатно бил изграден во текот на 17 век, не пред 1696 година, на местото на имот кој во 1663 година му припаѓал на познатиот украински трговец Јан Биковски. Во текот на 1730 година куќата била реновирена и реконструирена. Семејството сепак ја напуштила куќата. Реконструкцијата била завршена од страна на Иван Барски, познат архитект од Украина, по наредба на киевскиот градски совет. Во 1780 година имотот бил купен од страна на властите и повторно реновирена во стил на барок. Во следните години објектот служел како болница, за да од 1803 во истата живее украинскиот лекар Теофил Јанковски. До 1870-тите, зградата слуѓела како касарна. Во периодот од 1917 до 1921 година служела како станбен објект.

Во 1978 година, објектот бил повторно целосно реновиран и претворен во музеј.

Легенда[уреди | уреди извор]

Легендата околу престојот во куќата од страна на Петар Велики започнала да се шири по пожарот од 1811 година, и се смета дека царот овде живеел во времето на неговата посета на Киев во 1706 година. Сепак, денеска нема документирани докази околу престојот на Петар во куќата, и се смета дека името е поврзано со самата култура на градот.

Во 1706 година започнала да се гради Киево-Печерската лавра, а самиот Петар Велики се задржал во градот поради избувнување на Северната војна. Се смета дека самиот цар престојувал во пештерскиот манастир. И покрај недостигот на веродостојни факти, легендата за Петар активно се користела од страна на руската и советската пропаганда. Во 1909 година, по повод 200-годишнината од битката кај Полтава, пред домот била поставена мермерна плоча во чест на Петар Велики.