Плоштад Свети Михаил (Киев)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Плоштад Свети Михаил
Михайлівська площа
2005-08-15 St Michael Cathedral Kiev 283.JPG
Општи податоци
ГрадКиев
ЗемјаУкраина

Плоштадот Свети Михаил (украински: Михайлівська площа) е плоштад кој се наоѓа во реонот шевченко во Киев, Украина, меѓу улиците Михаиловска, Житомирска, улицата Три светители и Владимирска.

Овој плоштад е еден од најстарите во градот. Бил формиран во текот на 12 век, во времето на Киевска Рус, и се наоѓа пред влезот од истоимената катедрала. Својата сегашна форма и големина, плоштадот го добил во 1850 година. Името на плоштадот било додадено во 1869 година, односно во времето кога била формирана и улицата посветена на Свети Михаил.

Површината на плоштадот претрпел големи промени во текот на советско време. Во 1919 година бил уништен споменикот послетен на книгињата Олга, а во 1930 година бил срушен и христијанскиот храм. По добивањето на независност на Украина, овој реон започнал повторно да се обновува, вклучувајќи го и храмот и плоштадот.