Киностудио Довженко

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Филмско студио Довженко)
Киностудио Довженко
Типдржавно претпријатие
Oснована1927
СедиштеКиев, Украина
Клучни личностиИгор Ставчански (ид)
Дејностфилмска
Производифилмови
Главниот влез кон студиото

Киностудио „Довженко“ (украински: Національна кіностудія художніх фільмів імені О. Довженка, Национално киностудио за уметнички филмови „О. Довженко“) — киностудио што се наоѓа во Киев, Украина.

Наречено е во чест на истакнатиот украински и советски режисер и продуцент Александар Довженко (1894-1956), а основано е во 1957 г. под денешното име. Во 2000 г., добило статус на национално студио, а до 1991 било дел од Советското киностудио.

Историјата на денешното киностудио започнала во 1920 г, кога украинската киноуправа објавила конкурс за изградба на кинопретпријатие до 1925 г. Од пријавените дваесетина кандидати, бил избран проектот на Валериј Риков. По неговата изградба, студиото станало најголемо во Украина.

Познати филмови на студиото[уреди | уреди извор]

Во студиото „Довженко“ него снимени повеќе познати советски филмови од тоа време како:

  • 1926 „Јаготка на њубовта“ (Ягодка любви)
  • 1928 „Арсенал“ (Арсенал)
  • 1928 „Звенигора“ (Звенигора)
  • 1929 „Човек со камера“ (Человек с киноаппартом)
  • 1930 „Земја“ (Земля)
  • 1932 „Иван“ (Иван)
  • 1935 „Аероград“ (Аэроград)
  • 1939Шчорс“ (Щорс)
  • 1964 „Тајните на заборавените предци“ (Тіні забутих предків)
  • 1970 „Белата птица со црн белег“ (Білий птах з чорною ознакою)
  • 1972 „Изгубеното уверение“ (Пропала Грамота)
  • 1973 „Едни страрци одат во бој“ (В бой идут одни «старики»)
  • 1991 „Глад-33“ (Голод-33)
  • 1995 „Московјанецот-волшебник“ (Москаль-чарівник)
  • 2003 „Мамај“ (Мамай)

Поврзано[уреди | уреди извор]