Киевски тролејбус

Од Википедија — слободната енциклопедија
Киевски тролејбус
Київський тролейбус
Општи податоци
ГрадКиев
ЗемјаУкраина

Киевски тролејбус (украински: Київський тролейбус) претставува најголемата тролејбуска сообраќајна мрежа во Украина.

Проектот бил изграден во 1935 година. Во текот на својата историја, тролејбусот бил постојано прошируван. За време на Втората светска војна бил најпрвин затворен, а потоа и делумно уништен. На 5 ноември 1944 година бил повторно пуштен во употреба. Во текот на 1940-тите и 1960-тите била изградена сообраќајна мрежа од околу 150 километри со околу 300 тролејбуси.

Во 1970 година постоеле веќе 24 линии, за разлика од 1947 година, кога имало само 3 линии. Бројот на тролејбуси се зголемил на 737, а во самиот град започнал да се произведува сопствен тролејбус.

Во 1980-тите, должината на сообраќајната мрежа достигнала 280 километри со 30 линии. Во раните 1990-ти се покажале првите знаци на опаѓање на овој сообраќај. Кон крајот на 2000-тите речиси сите линии во центарот на градот биле затворени. Така, бројот на тролејбусите значителнозапочнал да се намалува.

Заклучно со декември 2010 година во градот постојат 533 тролејбуси кои работат во 36 правци, а должината на линиите е околу 500 километри.