Државен музеј на театарот, музиката и филмската уметност на Украина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Музеј на театарот, музиката и филмската уметност
Музей театрального, музичного та кіно-мистецтва
Banduras.jpg
Основан1923
МестоКиев, Украина
Мреж. местоhttps://www.tmf-museum.com//

Музејот на театарот, музиката и филмската уметност (украински: Музей театрального, музичного та кіно-мистецтва України) е музеј кој се наоѓа во престолнината на Украина, Киев.

Музејот бил основан во 1923 година и се наоѓа во Киевско-печерската лавра. Музејот содржи богата библиотека. Денеска, музејот претставува единствен во земјата од таков тип. Изложбата на драмската уметност на Украина прикажува тематски патувања, предавања и часови за развојот на драмата во земјата.