Национален музеј на историјата на Украина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Национален музеј на историјата на Украина
Національний музей історії України
Національний музей історії України.JPG
Основан 1944
Место Владимир, 2. Киев, Украина
Координати 50°27′30″ СГШ 30°30′58″ ИГД / 
Директор Татјана Сосновска[1]
Мреж. место www.nmiu.com.ua

Националниот музеј на историјата на Украина (украински: Національний музей історії України) е музеј кој се наоѓа во престолнината на Украина, Киев.

Овој музеј од 1944 година се наоѓа во Киев. Во него се чуваат етнографски и археолошки слики и скулптури, отпечатоци и други историски експонати. Зградата каде денеска се наоѓа музејот била изградена во 1937 до 1939 година, а за главен архитект бил избран Јосиф Каракис. Во тоа време, објектот служел како ликовно училиште. Во периодот од 1952 до 1953 година, објектот бил реконструиран, при кое бил додаден нов покрив и дизајн, како и проѕирни стакла чија цел била за да се подобри осветлувањето на просториите.

Во 1965 година, името на музејот бил преименуван во Државен историски музеј на Украинска ССР. Во 1991 година, музејот го добил денешното име.

Наводи[уреди | уреди извор]