Прејди на содржината

Кловски дворец

Координати: 50°26′31.7″N 30°31′57.5″E / 50.442139° СГШ; 30.532639° ИГД / 50.442139; 30.532639
Од Википедија — слободната енциклопедија
Кловски дворец
Кловський палац
Карта
Општи податоци
ГрадКиев
ЗемјаУкраина
Завршена1756
Проектирање и изградба
АрхитектГотфрид Шадел
Василиј Нејелов

Кловски дворец (украински: Кловський палац) — седиште на Врховниот суд на Украина во Киев. Зградата го носи името Клов според населбата во Печерскиот округ во која се наоѓа.

Барокниот објект бил изграден во периодот од 1752 до 1756 година со средства обезбедени од страна на Киевско-печерската лавра. Руските цареви требало да остануваат во дворецот при нивните посети на пештерниот манастир. Како главни архитекти за изградба на дворецот биле Готфрид Шадел и Василиј Нејелов, додека пак крајот на градбата бил надгледуван од страна на Степан Ковнир. Градината околу дворецот била направена во текот на 1760 година.

Дворецот никогаш не примил царска посета. Катерина II, кога била во посета на Киев во 1787 година, како седиште за престој го искористила Мариинскиот дворец.

Во текот на 1858 година, дворецот бил опфатена од пожар и истата била повторно саниран наскоро по пожарот, со додавање на горниот кат. Дворецот претрпел пожар и за време на Октомвриската револуција, а обновата била спроведена во 1970-тите години.

50°26′31.7″N 30°31′57.5″E / 50.442139° СГШ; 30.532639° ИГД / 50.442139; 30.532639