Киевска зоолошка градина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Киевска зоолошка градина
Київський Зоопарк
Отворена 21 март 1909
Место Киев,
Украина Украина
Површина 0.34 km²
Координати
Бр. на животни 1947 (01.01.2010)
Бр. на видови 339 (01.01.2010)

Киевската зоолошка градина (украински: Київський Зоопарк) е една од најголемите зоолошки градини во поранешниот Советски Сојуз и најголемата зоолошката градина во Киев, Украина.

Зоолошката градина се простира на територија од 40 хектари, и има вработено персонал од 378 членови со околу 280.000 посетители годишно.

Историја[уреди | уреди извор]

Зоолошката градина била основана во 1908 година, а изградбата била финансирана од разни донации. Во текот на првите години, зоопаркот поседувал само 17 различни водови на животни. Во тие први години, персоналот на зоолошката се соочил со проблем од студеното време кое го загрозувало здравјето на животните. Така, било договорено во текот на зимата, животните да бидат пренесени во Киевската ботаничка градина.

Во текот на историјата, градината постепено започнала да се проширува, а во исто време се зголемувал и бројот на животните. Во 1913 година, во домовите на животните било инсталирано греење. Во 1914 година и започнувањето на Првата светска војна, зоолошката градина била ставена во мирување, за да по крајот на Руската револуција повторно биде пуштена во употреба. Во времето на Втората светска војна, градот бил окупиран од страна на Нацистичка Германија, а зоопаркот бил искористен од страна на германскиот гарнизон. Животните биле евакуирани од Киев пред војната, а по нејзиниот крај биле повторно вратени.

Во 1970-тите години во зоолошката биле донесени лавови и тигри. Во 1996 година зоолошката била примена во Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми. Сепак, во 2007 година била исклучена од здружението поради лошите услови и малтретирање на животните[1].

Во 2008 година, околу 51 животно загинаа во зоолошката градина. Серијата на контроверзни смртни случаи, исто така, продолжила и во 2010 година кога 39-годишниот слон на зоолошката градина починал на 26 април, проследено со една камила на 26 мај и еден бизон на 31 мај. Градската администрација и властите на зоолошката градина обвиниле дека животните биле отруени, додека пак активистите за права на животните обвиниле дека главните причини за нивната смрт било условите за живеење и неквалификуваната администрација[2][3].

Животни[уреди | уреди извор]

Податоци од 31 декември 2009
Група #Видови #Број
Птици 98 593
Цицачи 59 192
Влекачи 49 135
Водоземци 21 135
Риби 58 530
Без’рбетници 54 362
Вкупно: 339 1947

Наводи[уреди | уреди извор]