Мачка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мачка
WhiteCat.jpg
Научна класификација
Царство: Животни (Animalia)
Колено: `Рбетници (Vertebrata)
Класа: Цицачи (Mammalia)
Ред: Месојадци (Carnivora)
Подред: Мачковидни (Feliformia)
Семејство: Мачки (Felidae)
Потсемејство: Felinae
Род: Felis
Вид: Felis silvestris
Подвид: Мачка домашна
Биномен назив
Felis silvestris catus
(Linnaeus, 1758)

Обичната мачка (латински: Felis silvestris catus или латински: Felis catus) е најраспространетиот вид од фамилијата мачки (Felidae): како дива или домашна (Felis ocreata domestica) ја има насекаде. Иако е припитомена, мачката не го загубила својот инстинкт на ловец и кога лови на жртвата ѝ се приближува со бесшумно прикрадување. И таа, како другите мачки, преде кога е задоволна. Иако ловат сами, мачките се социјални суштества и користат разни вокализации, феромон и видови говор на тело за комуникација, како мјаукање, предење, `ржење и сл. Една од најпознатите мачки е Грампи Кет ( анг. Grumpy Cat )


Анатомијата на мачката е слична со онаа на другите животни од родот Мачки, со силно, еластично тело, брзи рефлекси, остри канџи и заби прилагодени за убивање ситен плен. Како ноќни предатори, мачките го користат нивниот остар слух и вештината да гледаат во темно за да го најдат својот плен. Не само што слушаат звуци што се преслаби за да ги регистрира човечкото уво, туку тие исто така слушаат и звуци со повисока фреквенција. Мачките исто така имаат и многу подобро сетило за мирис од тоа на луѓето.

Египетска скулптура во Лувр

Со луѓето е од многу одамна. Во стариот Египет, мачката била дури свето животно. Бастет, на пример, била мачколика божица на музиката, на танцот и на мајчинството. За разлика од кучето, мачката е многу понезависна и приврзана им е само на оние што знаат да ја пленат. Се претпоставува дека домашната мачка потекнува од дивата мачка од стариот свет (Европа, Азија, Африка) која е малку поголема и има подолга опашка.

Весникот The New York Times во 2007 напишал дека иако до неодамна за мачката се верувало дека била припитомена во стариот Египет каде била култно животно ", [1] една понова студија, од истата година, открива дека сите домашни мачки веројатно водат потекло од африканската дива мачка-(Felis silvestris lybica), припитомени некаде околу 8000 п.н.е., на Блискиот Исток.[2] Најстариот директен доказ за припитомената мачка е маче закопано до човек, уште пред 9,500 години на Кипар.[3][4]

Мачката како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Мачката се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура.

Мачката како тема во книжевноста[уреди | уреди извор]

Мачката како тема во филмот[уреди | уреди извор]

Мачката како тема во музиката[уреди | уреди извор]

  • „Луѓе-мачки“ (Cat people) - песна на британскиот пејач Дејвид Боуви од 1983 година.[32]
  • „Љубовни мачки“ (англиски: Lovecats) - песна на британската рок-група „Кјур“ (The Cure).[33]
  • „Кога мачката е замината“ (When the Cat's Away) - песна на швајцарската панк-рок група „Клинекс/ЛиЛиПУТ“ (Kleenex/LiLiPUT).[34]
  • „Мачки и кучиња“ (Cats and Dogs) - албум на австралиската поп-рок група „Ментал ез енитинг“ (Mental As Anything) од 1981 година.[35]
  • „Блуз за мачките-скитници“ (Stray Cat Blues) - песна на британската рок-група „Ролинг Стоунс“ (The Rolling Stones) од 1968 година.[36]
  • „Дивите мачки од Килкени“ (Wild Cats of Kilkenny) - песна на ирската рок-група „Поугс“ (The Pogues) од 1985 година.[37]
  • „Мачката е во ормарот“ (Cat's in the Cupboard) - песна на британскиот рок-музичар Пит Таунсенд (Pete Townsend) од 1980 година. [38]
  • „Мачка“ - песна на југословенската рок-група „Фит“ од 1988 година.[39]
  • „Myau“ - песна на македонската рок-група „The John“ од 2012 година.[40]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://www.nytimes.com/2007/06/29/science/29cat.html, Study Traces Cat's Ancestry to Middle EastNicholas Wade, The New York Times 29 June 2007
  2. Driscoll CA, Menotti-Raymond M, Roca AL, CA. The Near Eastern origin of cat domestication. „Science“ том  317 (5837): 519–23. doi:10.1126/science.1139518. PMID 17600185. 
  3. Meet Helen and Aphrodite, Cyprus's indigenous cats“, „China Daily“ (посет. 3 ноември 2009 г).
  4. „Oldest Known Pet Cat? 9500-Year-Old Burial Found on Cyprus“. 
  5. Бајке са југа Африке. Београд: Народна књига, 1964, стр. 122-123.
  6. Бајке са југа Африке. Београд: Народна књига, 1964, стр. 185-186.
  7. Македонски хумористични народни приказни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 29-32.
  8. Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 95.
  9. Генади Болиновски, Игра на прозорец, Скопје: Култура, Наша книга, Мисла, Македонска книга, Детска радост, 1990, стр. 31-37.
  10. Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 23.
  11. Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 34.
  12. Pol Verlen, Pesme. Beograd: Rad, 1969, стр. 14-15.
  13. Драган Георгиевски, Метаморфузија, Темплум, Скопје, 2013.
  14. Браќа Грим, Храбриот кројач, Детска радост, Скопје, 1980.
  15. Јован Јовановиħ Змај, Краљевина Лаждишажди. Београд: Просвета, 1963, стр. 114.
  16. Јован Јовановиħ Змај, Краљевина Лаждишажди. Београд: Просвета, 1963, стр. 73-74.
  17. Јован Јовановиħ Змај, Краљевина Лаждишажди. Београд: Просвета, 1963, стр. 75.
  18. Јован Јовановиħ Змај, Краљевина Лаждишажди. Београд: Просвета, 1963, стр. 76-77.
  19. Антoлогија на бразилскиот расказ, Три, Скопје, 2012, стр. 286.
  20. Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 183-194.
  21. Пандалф Вулкански, Текстилна поема. Темплум: Скопје, 2017.
  22. Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 311-315.
  23. Рајнер Марија Рилке, Искуство тишине. Београд: Paideia, 2014, стр. 36.
  24. Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 365-373.
  25. Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 65-78.
  26. Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 37-41.
  27. Влада Урошевиќ, „Хофман - писателот што го открил клучот на фантастиката“, во: Е. Т. А. Хофман, Фантастични раскази. Скопје: Македонска книга 2002, 2002, стр. 182.
  28. Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 261-268.
  29. „Возбудлива авантура на триото од бајките“, Антена, број 882, 22.5.2015, стр. 2.
  30. „ЛОШИОТ МАЧОР“. cinedays.mk. Архивирано од изворникот на 2016-11-14. конс. 2016-11-14. 
  31. Кинотека на Македонија, Програма - февруари 2017
  32. YouTube, David Bowie - Cat People (пристапено на 8.5.2017)
  33. YouTube, The Cure - The Lovecats (пристапено на 26.9.2019)
  34. YouTube, Kleenex/LiLiPUT - When The Cat's Away (from Kleenex/LiLiPUT) (пристапено на 1.7.2017)
  35. Mental As Anything, Cats & Dogs (пристапено на 6.7.2017)
  36. DISCOGS, The Rolling Stones ‎– Get Your Ya-Yas Out (пристапено на 25.8.2019)
  37. YouTube, 03 Wild Cats of Kilkenny by The Pogues (пристапено на 22.8.2017)
  38. YouTube, Pete Townshend - Cat's in the Cupboard (пристапено на 11.9.2017)
  39. YouTube, Fit - 09 Mačka (Live Uz Rijeku) HQ (пристапено на 8.4.2017)
  40. The John, Waufvw!!!, PMG Recordings #76, 2012.