Национален музеј на лебот (Киев)
Изглед
Основан | 1981 |
---|---|
Место | Киев, Украина |
Музејот на лебот (украински: Народний музей хліба ) е музеј кој се наоѓа во престолнината на Украина, Киев.
Музејот содржи повеќе од 2.000 експонати, содржи материјали поврзани со лебот, неговото значење за луѓето, за потеклото на главните житни култури ('рж, пченица, пченка, јачмен и др.) Целта на музејот е да се образоваат луѓето за производствот на лебот. Денеска во музејот можат да се видат повеќе од 150 видови на леб произведени од сите делови на Укриана. Освен традиционалниот украински, овде може да се најдат и лебовите од поранешните советски републики. Во музејот исто така може да се научи за развојот на земјоделството во периодот на гладот во Украина.
Музејот е посветен на украинскиот писател Тарас Шевченко.