Настани во септември
1752 | Ѕвоното на слободата пристигнува во Филаделфија. |
1804 | Јунона, еден од најголемите астероиди во главниот појас, била откриена од германскиот астроном Карл Лудвиг Хардинг. |
1897 | Се отвора подземното метро во Бостон, станувајќи првото од тој вид во Северна Америка. |
1905 | Алберта и Саскачеван се придружуваат во Канадската конфедерација. |
1939 | Со инвазијата на нацистичка Германија врз Полска започна Втората светска војна. |
1985 | Заедничка американско-француска експедиција ги открива остатоците на Титаник. |
1992 | Министерството за надворешни работи на Русија официјално предложи Република Македонија да назначи свој официјален претставник во Москва. |
2004 | Во рускиот град Беслан започна заложничката драма, кога група вооружени чеченски терористи го нападнаа основното училиште во овој град во Јужна Осетија. |
31 п.н.е. | Последната граѓанска војна во Рим: во Битката кај Акциум силите на Октавијан ги победуваат војските на Марко Антониј и Клеопатра. |
1666 | Избувнал Големиот пожар во Лондон, кој горел три дена, уништувајќи 10.000 градби вклучувајќи ја и катедралата Свети Павле. |
1752 | Обединетото Кралство го вовело грегоријанскиот календар, речиси два века подоцна од Западна Европа. |
1807 | Британската морнарица го бомбардирала Копенхаген со огнени бомби и фосфорни ракети за да го спречи предавањето на Данска на флотата на Наполеон Бонапарт. |
1922 | Во Скопје бил формиран спортскиот клуб „Македонија“. |
1930 | Со авионот „Знак прашање“, француските пилоти Диеодн Кост и Морис Белонт го извршиле првиот непрекинат лет меѓу Европа и САД. |
1944 | Ослободен е Демир Хисар. |
1944 | Президиумот на АСНОМ на својата трета седница, одржана во манастирот Свети Прохор Пчински, еден месец по историското Прво заседание на АСНОМ, донел одлука за основање на телеграфска агенција на Македонија - ТАМ. Оваа агенција одиграла мошне важна улога во ширењето на вистината за праведната борба на македонскиот народ за национално и социјално ослободување. |
1945 | Завршила Втората светска војна: Конечното предавање на Јапонија било прифатено на борбениот брод „Мисури“, во пристаништето на Токио. |
1991 | Во Скопје е формирано Геронтолошкото друштво на Македонија. |
2011 | Јошихико Нода бил назначен за Премиер на Јапонија. |
590 | Грегориј I станува папа. |
1650 | Трета англиска граѓанска војна: Битка кај Данбар |
1651 | Трета англиска граѓанска војна: Вустерска битка - Чарлс II е поразен во последната главна битка во војната. |
1783 | Американска револуционерна војна: Војната завршува со потпишувањето на т.н. Париски договор од страна на САД и Кралството на Велика Британија. |
1855 | Индијански војни: Во Небраска, 700 војници под раководство на Американскиот Генерал Вилијам С. Харни се одмаздуваат за Гратан Масакарот со напаѓање на Индјанско село, убивајќи 100 мажи, жени, и деца. |
1892 | Англискиот фудбалски клуб Нотингем Форест го одигра својот прв натпревар во лигата против ФК Евертон. |
1901 | На патот од Банско за Симитли, кај месноста Потпрена скала, четниците на Јане Сандански и Христо Чернопеев ја киднапирале протестантската мисионерка Мис Елен Стоун и нејзината придружничка Катерина Стефанова - Цилка. |
1933 | Во Софија излегол првиот број на „Македонска правда“, весник на македонската емиграција, кој ја поддржувал идејата за балканска федерација. |
1939 | Започнала Втората светска војна, со објавувањето на војна од страна на Франција, Обединетото Кралство, Нов Зеланд и Австралија против Германија по инвазијата на Полска. |
1943 | Во Сиракуза, Италија потпишано е примирје меѓу сојузниците и италијанската Влада на маршал Бадољо. Пет дена подоцна, Италија капитулира. |
1967 | Шведска ја менува страната на возење од лево на десно. |
1971 | Катар добива независност од Обединетото Кралство. За разлика од другите емирати, Катар одбива да стане дел на Обединетите Арапски Емирати или Саудиска Арабија. |
1976 | Програм „Викинг“: Вселенското летало „Викинг 2“ слетува кај Утопија Планитија на Марс. |
1995 | Основана е фирмата eBay. |
1997 | Кај селото Жидилово, кај Крива Паланка во Република Македонија пристигна природниот гас. |
476 | Пад на Римското Царство. |
1837 | Во присуство на поголем број стручњаци, американскиот научник Семјуел Морзе со успех ја демонстрирал работата на својот телеграф. Кон средината на мај во 1844 г. веќе била воспоставена телеграфска врска меѓу Вашингтон и Балтимор, а набрзо телеграфот почнаа да го користат и европските земји. |
1886 | Индијански војни: По скоро 30 години борба, водачот на Апачите, Џеронимо му се предава со неговите преостанати војници на генералот Нелсон Мајлс во Аризона. |
1939 | Втора светска војна: Јапонија прогласува неутралност во Европската војна. |
1940 | За првпат во Втората светска војна, Германска подморница напаѓа брод од САД (УСС Гир) без разлика на неутралноста на САД и предизвикувајќи тензиите да се зголемат. |
1944 | Советскиот Сојуз ѝ објави војна на Бугарија која беше сојузник на фашистичка Германија. Три дена подоцна, трупите на маршал Толбукин ги започнаа операциите на Добруџа. |
1951 | Првото трансконтинентално телевизиско емитување се случува во Сан Франциско, Калифорнија, од Јапонската мировна конференција. |
1971 | Авион „Боинг 727“ (лет бр. 1866) од Alaska Airlines паѓа близу Џуно, Алјаска, убивајќи 111 луѓе. |
1995 | IV светска женска конферецнија се отвора во Пекинг, со присуство на над 4.500 делегати од 181 земја. |
1996 | Во Народната банка на Република Македонија се промовирани новите македонски пари, со нов дизајн, кои беа пуштени во оптек на 8 септември 1996 г. |
2001 | Објавено првото издание на графичкиот формат „размерлива векторска графика“ (SVG). |
2016 | Папата Франциск ја прогласува Мајка Тереза за светица. |
1600 | Со повелба на кралицата Елизабета I е основана Источноиндиската компанија, со што беа удрени темелите на англиското колонијално владеење. |
1774 | Првиот континентален конгрес се собира во Филаделфија, Пенсилванија. |
1800 | Малта е освоена од Велика Британија. |
1914 | Прва светска војна: Почнува Првата битка на Марна. Североисточно од Париз, Французите напаѓаат и поразуваат германски сили кои напредуваат кон главниот град. |
1939 | Втора светска војна: САД прогласува неутралност во војната. |
1948 | Робер Шуман станува премиер на Франција. |
1977 | Сондата „Војаџер 1“ лансирана по мало задоцнување. На сондата е испратена златна плоча со снимки и симболи со кои им се претставува Земјата на потенцијалните вонземски цивилизации кои би наишле на неа. |
1992 | Бранко Црвенковски стана втор премиер на Република Македонија, на возраст од 29 години. |
2011 | Пуштена втората верзија на Енциклопедијата на живиот свет. |
1522 | Шпанскиот морепловец Хуан Себастијан Елкано успеал да стигне назад во Шпанија со само 18 морнари (од вкупно 256) на еден брод од петте брода со кои Фернандо Магелан го започнал патувањето околу светот три години порано. |
1776 | Ураган го погодува Гваделуп, убивајќи повеќе од 6000 луѓе. |
1885 | Источна Румелија е присоединета кон Бугарија. |
1901 | Во Бафало, САД е извршен атентат врз американскиот претседател Вилијам Мекенли кој умре по една недела, а на 14 септември истата година Теодор Рузвелт стана нов претседател на САД. |
1939 | Втора светска војна: Јужна Африка ѝ објавува војна на Германија. |
1944 | Ослободено е Кратово. |
1943 | Италијанската војска и балистите од Кичево во го запалиле селото Извор и 25 куќи и во селото Белчиште. |
1944 | Царската влада на Бугарија ѝ објави војна на Германија. Одлуката е донесена во моментот кога единиците на Црвената армија веќе дојдоа до бугарската граница. Бугарија дотогаш беше сојузник на Третиот Рајх. |
1962 | Во Струга започна првата поетска манифестација Струшки вечери на поезијата. Најзначајната награда на Струшките вечери на поезијата е „Златниот венец“, која за првпат му е доделена во 1966 година на советскиот поет Роберт Иванович Рождественски за најдобра песна. Од 1971 година „Златниот венец“ се доделува за целокупен поетски опус. |
1974 | Претставници на Фронтот за национално ослободување на Мозамбик и претставници на португалската Влада склучија спогодба за независност на Мозамбик. |
1975 | Во катастрофалниот земјотрес што ја зафати Турција загинаа околу 23.000 луѓе. |
1976 | Студена војна: пилотот од воздухопловството на Советскиот Сојуз Виктор Беленко слетува со МиГ-25 воен авион кај Хакодате на островот Хокаидо во Јапонија и бара политички азил во САД. |
2000 | Одржан е Милениумскиот самит. |
70 | Римската армија под водство на војсководецот Тит го окупира и уништва Ерусалим. |
1764 | Станислав Поњатовски е крунисан за крал на Полска. |
1822 | Бразил прогласува независност од Португалија. |
1901 | Со мирот во Пекинг заврши таканареченото „Боксерско востание“ во Кина. Тоа беше бунт на селаните и на градската сиромаштија против странските империјалисти и домашните угнетувачи. |
1940 | Авионите на Германија го почнаа бомбардирањето на Лондон. Оваа акција беше позната под името „Лондонски блиц“. |
1992 | Белорусија ја призна Република Македонија, а истовремено донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу двете земји. |
1993 | Во Скопје е пуштена во работа меѓународната телекомуникациона врска меѓу Република Македонија и Република Бугарија, на релацијата Скопје-Софија. |
1997 | Во Скопје е отворен првиот „Мекдоналдс“ во Македонија. |
2012 | Околијата Јиљанг, Кина ја погодуваат два земјотреса со јачина од 5,6 и 5,3 Mw. Несреќата однела 89 животи и повредила 800 лица. Срушени се 20.000 домови, а евакуирани се уште 100.000 граѓани. |
1331 | Стефан Душан се прогласува за крал на Србија. |
1831 | Вилијам IV е крунисан за крал на Велика Британија. |
1940 | На Водно, Скопје, се одржува Покраинската конференција на КПЈ за Македонија. Методија Шаторов - Шарло е избран за секретар на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија, а Кочо Рацин е исклучен од партијата. |
1941 | Kaj Водно, Скопје, Боро Петрушевски успева да се пробие низ заседата на бугарската војска и полиција, при што убива еден бугарски војник. |
1943 | Американскиот генерал Двајт Ајзенхауер го објавува примирјето на сојузниците со Италија, а малку подоцна премиерот Бодољо им наредува на италијанските вооружени сили да го запрат отпорот против Британците и Американците. |
1943 | Ослободен е Дебар. |
1944 | Ослободени се Пробиштип и Крушево. |
1966 | Беше емитувана „Човечка стапица“, првата епизода од научно-фантастичната телевизиска серија „Ѕвездени патеки“. |
1991 | Ден на независноста на Македонија. |
1992 | Промовирана е првата редовна поштенска марка на Република Македонија. |
2022 | Чарлс III станува крал на Обединетото Кралство со смртта на неговата мајка истиот ден. |
1499 | Бродот Сан Габриел на чело Васко де Гама се вратил во пристаништето во Лисабон од првото патување до Индија по две години патување во обете насоки. |
1776 | Воведен е и официјалниот назив Соединети Американски Држави наместо Обединети Колонии кој дотогаш беше во употреба. |
1850 | Калифорнија е признаена како триесет и првата држава во САД. |
1924 | Се случува масакрот во Ханапепе, Хаваи |
1943 | Втора светска војна: Сили на алијансата слетуваат кај Салерно и Таранто, Италија. |
1947 | Првиот познат случај на информатичка бубачка: молец се населил во релеј од сметачот на универзитетот Харвард. |
1956 | Елвис Присли за првпат се појавува на емисијата на Ед Саливан. |
1959 | Нико Нестор станува првиот Македонец кој го препливува Ламанш. |
1969 | Легендата на македонското женско пливање Атина Бојаџи станува првата жена која го препливува Ламанш за време од 13 часа и 20 минути. |
1991 | Таџикистан добива независност од Советскиот Сојуз. |
1994 | Започна со работа Постојаната мисија на Република Македонија при Обединетите нации во Виена. |
1608 | Џон Смит е избран за претседател на советот од Џејмстаун, Вирџинија. |
1823 | Симон Боливар е избран за претседател на Перу. |
1939 | Британскиот доминион Канада и објави војна на нацистичка Германија со што пресметката во Европа доби карактер на светска војна. |
1943 | Албанската партизански одред „Хаџи Љеш“ и Малесиската партизанска чета на народноослободителната војска на Југославија ја разоружале италијанската дивизија „Фиренца“ во Дебар и го ослободиле градот. Запленети се поголемо количество оружје и една радиостаница. |
1944 | Во ослободениот Париз, генерал Шарл де Гол, водач на армијата слободни Французи и на дегоистичкото движење ја создава првата влада на новата Четврта Република. |
1963 | 20 афроамерикански студенти влегуваат во јавните училиштачет во Алабама. |
1991 | Регистирано е политичкото здружение Македонски совет за европско движење со седиште во Скопје. |
1993 | Израелскиот премиер Јицак Рабин во Ерусалим го потпиша официјалното израелско признавање на Палестинската ослободителна организација (ПЛО). |
1994 | Во селото Арачиново, Скопско е осветен камен-темелникот на новата црква „Св. Маченик Талалеј“. |
1683 | Јован III Собјески од Полска пристигнал со своите војски пред Виена и помогнал во победата над турските војски кои ја држеле под двомесечна опсада. |
1903 | На планината Плавица, во близината на Кратово, здружените чети на војводите Славчо Ковачев и Атанас Бабата воделе еднодневна борба со турската војска. |
1905 | На битолскиот Ат-пазар бил јавно обесен војводата Александар Турунџиев. |
1941 | Претседателот на САД Франклин Рузвелт издал наредба до американското воено воздухопловство и до морнарицата да отворат оган врз сите бродови на силите на Оската кои ќе влезат во водите на западната полутопка. Тоа значело конечно американско раскинување со политиката на изолационизмот. САД отворено застанале на страната на Велика Британија и на СССР, иако стапиле во војна дури по јапонскиот напад врз Перл Харбор. |
1943 | На патот Кичево-Охрид, баталјонот „Мирче Ацев“ урнал три моста и исекол 130 столбови, а во селото Сливово ја запалил жандармериската станица. |
1944 | Сојузничките сили го зазеле Луксембург и се пробиле на германска територија. |
1944 | Струмичкиот партизански одред ја ослободил Струмица и околните села. |
1944 | Ресен бил ослободен од фашистичкиот окупатор. |
1973 | Со воениот удар во Чиле, предводен од Аугусто Пиноче, убиен е претседателот Салвадор Аљенде и воспоставена е антикомунистичка воена диктатура. |
1996 | Република Македонија и Бахреин воспоставиле дипломатски односи на амбасадорско ниво. |
1997 | Република Македонија станала полноправна членка на Централно и источноевропската регионална иницијатива за управување со воздушниот простор (ЦИЕРВИ). |
2001 | Во САД биле извршени терористички напади во кои загинале 3.000 луѓе. Одговорноста за нападите ја презела организацијата Ал Каеда на Осама бин Ладен. |
2003 | Шведската министерка за надворешни работи Ана Линд починала откако претходниот ден била прободена со нож од Мијаило Мијаиловиќ, роден во Шведска со српско потекло. |
1924 | Во Софија убиен е Димо Хаџи Димов, еден од најпознатите идеолози и теоретичари на автентичното македонско национално-ослободително движење |
1924 | Во Софија е убиен Владислав Ковачев, популарен штипски војвода и публицист, уредник на весникот „Автономна Македонија“ и идеолог на Македонската емигрантска федеративна организација |
1995 | Република Македонија и САД воспоставиле дипломатски односи. |
1995 | Во Њујорк е постигнат договор меѓу македонскиот министер за надворешни работи Стево Црвенковски и неговиот грчки колега Карлос Папуљас, со кој Грција се обврзува да ја спушти економската блокада врз Македонија, во замена за промена на официјалното знаме на Република Македонија. Проблемот со името е оставен да се решава во иднина. |
1847 | По низа победи во Американско-мексиканската војна, единиците на САД под команда на генералот Видфилд Скот го окупирале градот Мексико. Со мировниот договор мексиканската влада била принудена на воено посилниот сосед да му ги отстапи Калифорнија, Јута, Аризона и Њу Орлеанс. |
2017 | Халима Јакоб станува првата жена на функцијата претседател на Сингапур. |
1786 | Италијанскиот лекар и природонаучник Лујџи Галвани ја открил струјата, која според неговото име подоцна е наречена — галванска. |
1812 | Француската армија предводена од Наполеон дошла до Кремљ во Москва. |
1821 | Дотогашните шпански колонии Костарика, Никарагва, Ел Салвадор, Гватемала и Хондурас прогласиле независност. |
1822 | Францускиот ориенталист Жан Франсоа Шамполион успеал прв да ги дешифрира хиероглифите на Каменот од Розета најден во египетското место Решид, во 1799 година. Тој утврдил дека хиероглифите не се симболично, туку фонетско писмо. Шамполион е основач на египтологијата. |
1830 | Отворањето на железничката линија Ливерпул – Манчестер на која е употребена парната локомотива. „Ракета“ е проследена и со првата железничка несреќа со случајна смрт на англискиот државник Вилијам Хускисон. |
1835 | Бродот „Бигл“ со Чарлс Дарвин пристигнал на островите Галапагос. |
1916 | Тенкот е за првпат употребен во борбени дејства во Битката на Сома во Франција. |
1993 | Во Скопје е регистрирана Асоцијацијата на европските студентски структури при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. |
1995 | Во Скопје, пред влезот на канцеларијата за врски на САД е поставен нов амблем чиј натпис гласи „Амбасада на САД“, со што формално мисијата на САД во Македонија го означи подигањето на нивото на дипломатските односи на релацијата Вашингтон - Скопје. |
2002 | Парламентарни избори во Република Македонија, на кои ќе победи коалицијата За Македонија Заедно предводена од СДСМ и Бранко Црвенковски. |
1810 | Со масовно оружено востание на селаните, предводени од Мигел Идалго и Хосе Моралес, во Мексико почнала борбата за независност од Шпанија. Тој ден е прогласен за национален празник на државата Мексико која била шпанска колонија од 1519 година. |
1941 | Хитлер му наредил на заповедникот на германските вооружени сили за југоисток, да го задуши востаничкото движење на Балканот. Според Хитлеровата наредба со крајна суровост мора да се оневозможат партизаните и за смртта на секој германски војник со смрт да се казнат 50 до 100 заложници. |
1959 | Францускиот претседател Шарл де Гол преку радиото на алжирскиот народ му го признал правото на самоопределување. |
2010 | НАСА и Меѓународниот астрономски сојуз решаваат едно од езерата на Сатурновата месечина Титан да го носи името „Охридско Езеро“, во чест на истоименото езеро во југозападна Македонија. |
1685 | Лондон го зафатила голема епидемија на чума од која умреле околу 70.000 луѓе. |
1939 | Советските единици врз основаа на договорот Рибентроп-Молотов ја нападнале Полска и ги зазеле источните делови. Во нападот се заробени 180.000 војници и околу 9.000 офицери, а потоа почнало ликвидирањето на заробените Полјаци. |
1943 | Во селото Подвис, кичевско почнало да работи првото училиште на македонски јазик. |
1978 | Во вилата Кемп Дејвид завршиле разговорите помеѓу египетскиот претседател Садат, израелскиот премиер Бегин и американскиот претседател Картер. Притоа, биле потпишани два документа: рамки за мир на Блискиот Исток и рамки за мировен договор помеѓу Египет и Израел. |
1996 | Во Пекинг, на Конференцијата на интерпарламентарната унија, Република Македонија е примена во Групацијата на средоземни земји. |
1820 | Францускиот математичар и физичар Андре Мари Ампер ја објавил теоријата електромагнетното поле. |
1851 | Во Њујорк, излезегол првиот број на дневниот весник „Њујорк дејли тајмс“, еден од најтиражните весници во светот. |
1931 | Откако го предизвикале инцидентот кај Мукден, Јапонците го започнале нападот врз североисточна Кина (Манџурија) и ја окупирале оваа азиска област. Окупацијата траела сè до 1945 година кога советските трупи ги протерале Јапонците. |
1944 | Германските единици повлекувајќи се од Грција упаднале во Струмица, но не успеале да воспостават окупаторска власт, ниту да ги оневозможат органите на народната власт да ја извршуваат својата должност. |
1962 | Во Бејрут фалангата и десничарите на мајор Саад Хадат во палестинските логори според зборовите на Јасер Арафат убиле околу 3.000 луѓе. |
1973 | Генералното собрание на ООН во своето членство ги прими СР Германија, ДР Германија и Бахамските Острови. |
2014 | Одржан Референдумот за независност на Шкотска |
1985 | Катастрофален земјотрес со јачина од 8.1 степени според Рихтеровата скала го погодил Мексико. Во него загинале околу 10.000 луѓе, а материјалната штета е проценета на околу шест милиони долари. |
1992 | Во селото Стајковци, скопско, е поставен и посветен камен-темелник на нова црква „Свети Кирил и Методиј“. |
1994 | Владата на Република Македонија донесе одлука за пристапување на Република Македонија кон Општата спогодба за царини и трговија (ГАТТ). |
1996 | Република Македонија пристапи кон трите конвенции на Меѓународната агенција за атомска енергија. |
331 п.н.е. | На реката Тигар, во Месопотамија, војската на Александар Македонски се судрил со главнината на персиската војска на царот Дариј III. Персијците имале околу милион војници, а Александар Македонски помалку од 50.000. Овој судир во историјата е познат како „Битка кај Гавгамела“. |
1519 | Португалскиот морепловец Фернандо Магелан во служба на шпанскиот крал Карло V, од Сан Лукар во Шпанија со својата експедиција од пет бродови тргнал на пат околу светот со цел да го открие западниот пат за Индија и во освојување на колонии за шпанската династија. Во 1520 година ги испитал југоисточните брегови на Јужна Америка и го открил според него наречениот Магеланов Проток и преку него поминал во океанот кој го нарекол Тихи (Пацифик). Загинал на Филипинските Острови во борба против домородците, на 27 април 1521 година. Другиот дел од експедицијата се вратил во Шпанија. Така било докажано дека Земјата е тркалезна и дека новиите краишта што ги открил Колумбо не се дел од Индија, туку посебен континент. |
1950 | Централната народна влада го усвојува грбот на НР Кина. |
1963 | Американскиот претседател Џон Кенеди на заседанието на Генералното собрание на ООН предложил заедничка советско-американска експедиција на месечината. |
1937 | Џ.Р.Р Толкин ја објавил книгата Хобит. |
1735 | Роберт Волпол бил првиот британски премиер што се вселил во резиденцијата на „Даунинг стрит“ бр. 10, во Лондон. |
1792 | Во екот на војната со контрареволуцијата париските маси го зазеле дворецот во Версај и ги затвориле Луј XVI и неговата сопруга Марија Антоанета. Законодавното собрание прогласило република. |
1862 | Американскиот претседател Абрахам Линколн објавил декрет според кој од 1 јануари 1863 година на сите американски робови им се дава целосна слобода. Тоа било резултат од долготрајната борба на прогресивните сили на Американската граѓанска војна, кој барала брза и неодложна акција за ослободување на обесправените црнци. |
1862 | Ото фон Бизмарк станал канцелар на Прусија. |
1933 | Во Париз почнал Светскиот младински конгрес против војната и фашизмот. |
1946 | Во НР Македонија биле одржани првите избори за Уставотворното собрание, кое потоа го донело првиот устав на НР Македонија. |
1991 | За првпат во Република Македонија бил изведен светиот чин „Опход на моштите на Свети Климент Охридски Чудотворец“ (опходот траел до 6 октомври истата година), основоположник на Македонската и на првата Словенска православна црква и втемелувач на националната самобитност на македонскиот народ. |
1992 | Во Штип е отворена првата приватна специјалистичка гинеколошка ординација во Република Македонија. |
1992 | Воспоставена е авиолинија Скопје - Москва. |
1993 | Во Бали, Индонезија, Република Македонија е примена во Светскиот совет за енергија. |
1846 | Германскиот астроном Јохан Готфрид Гале ја открил планетата Нептун. |
1903 | Над селото Цапари, на Пелистер се водела последната востаничка битка (Пелистерска битка) во битолско во времето на Илинденското востание. Во борбата против османлиската војска загинале 48 востаници. |
2011 | Пијанистот Симон Трпчески е прогласен за прв „Национален уметник на Македонија“. |
1706 | Во Алтранштет, Шведска и Саксонија склучиле мир со кој Шведска се откажала од полската круна и го признала полскиот крал Станислав Лешчињски. |
1852 | Францускиот инженер Анри Жифар го извел првиот лет со цепелин на парен погон, летајќи 27 километри, од Париз до Трап. |
1905 | Шведска ја признала независноста на Норвешка која претходно била под владение на Данска, а од 1814 година во унија со Шведска. По отцепувањето е прогласена за самостојна уставна монархија на чело со кралот Хокон VII. |
1908 | Во Солун, во кафеаната „Бошњак-ан“, терористи-платени врховисти извршиле неуспешен атентат врз големиот македонски револуционер Јане Сандански. При атентатот две лица од придружбата на Сандански биле смртно погодени. |
1941 | Во Лондон, на конференцијата на претставниците на владите на Австралија, Канада, Велика Британија, Нов Зеланд, Јужноафриканскиот Сојуз, СССР и претставници на бегалските влади на Чехословачка, Грција, Белгија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Полска, Југославија и на слободна Франција, ја потпишале Атлантската повелба која пред шест недели ја прокламирал американскиот претседател Франклин Рузвелт и британскиот претседател Винстон Черчил, со што овие земји ја прифатиле Повелбата како политичка програма во борба против силите на Оската. |
1993 | Во Монте Карло, Македонскиот олимписки комитет е примен за рамноправен член на олимпиското семејство. |
1493 | Христофор Колумбо испловил од пристаништето во Кадис на своето второ патување кон Новиот Свет. |
1513 | Шпанскиот истражувач Васко Нуњес де Балбо ја поминал Панама и станал првиот Европеец кој го видел Тихиот Океан. |
1555 | Со мирот во Аугсбург, германските протестантски земји биле правно изедначени со римокатоличките. |
1825 | Меѓу Дарлингтон и Стоктон, во Велика Британија, била пуштена во сообраќај првата железничка линија за јавен сообраќај. Овој ден се смета за почеток на историјата на железничкиот сообраќај. |
1940 | Во Норвешка на власт дошла квислиншката влада (наречена според норвешкиот политичар и мајор Видкун Квислинг кој учестувал во германската агресија врз Норвешка во 1940 година, по што се прогласил за шеф на новосоздадената марионетска влада, а во 1945 година е осуден на смрт поради велепредавство), синоним на соработниците на фашистичкиот окупатор низ цела Европа. |
1946 | Во Скопје е основано Работничко културно-уметничкото друштво „Кочо Рацин“. Друштвото го формирал Месниот синдикален совет на Скопје, со цел да ги обедини работниците и службениците заради развивање на културно-просветната дејност. |
1990 | Нелсон Мандела бил пуштен на слобода. |
1999 | Во Скопје, во издание на НИП „Нова Македонија“ излегол првиот број на весникот „Скок“. |
1371 | Се одиграла Битката на Марица во која загинале Волкашин и Углеша Мрњавчевци, а синот на Волкашин, Крале Марко станал крал на Прилепското Кралство и турски вазал. |
1580 | Англискиот мореполовец Френсис Дрејк го завршил своето патување околу светот. |
1604 | По многу одложувања, црковните власти во Шпанија дозволиле да се печати делото „Дон Кихот“ на големиот шпански писател Мигел де Сервантес. |
1815 | Русија, Австрија и Прусија ја создале „Светиот сојз“ со цел да ги задушат револуционерните движења во Европа. |
1960 | Првата политичка дебата меѓу Ричард Никсон и Џон Фицџералд Кенеди која била пренесувана на ТВ. |
1962 | Прогласена Арапската Република Јемен. |
1993 | Во Виница е отворен Првиот фестивал за хумор, сатира и карикатура во Република Македонија, наречен „Ин Виница веритас“. |
1993 | Во селото Довезенце, Кумановско, е осветена новоизградената црква „Свети Ѓорѓи“. |
1529 | Османлиската војска под команда на Сулејман Величествениот ја започна Опсадата на Виена. |
1822 | Жан-Франсоа Шамполион објавил дека го дешифрирал Каменот од Розета. |
1825 | Англискиот пронаоѓач Џорџ Стивенсон управувал со својата парна локомотива која влечела 38 вагони на линијата Стоктон - Дарлингтон во Велика Британија. За кратко време железничката мрежа се проширила низ цела Европа. |
1854 | Во Атлантскиот Океан потонал бродот „Арктик“ со околу 300 патници. |
1905 | Списанието „Анали на физиката“ го објавило трудот на Алберт Ајнштајн „Дали инерцијата на телото зависи од неговата енергија“ каде за првпат е претставена познатата равенка E=mc². |
1908 | Во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“ под редакција на Димитар Влахов. |
1939 | По 19-дневен отпор Варшава паднала во рацете на германските трупи. |
1940 | Во Берлин, Италија и Јапонија потпишале 10-годишен воен и економски пакт и формално создале сојуз на фашистички сили познат под името Оската Берлин - Рим - Токио. |
1993 | Република Македонија е примена за член на Меѓународната агенција за атомска енергија. |
1994 | Република Македонија воспоставила дипломатски односи со Португалија и со Кралството Саудиска Арабија. |
1994 | Во Скопје е основано Македонско-кинеското друштво за пријателство и соработка. |
1995 | Република Македонија е примена во Советот на Европа како 38-ма членка. |
1864 | Во Лондон е основана Првата интернационала. |
1867 | Торонто станува главен град на Онтарио. |
1898 | Италијанскиот лекар и зоолог Батиста Граси ги објавил резултатите од повеќегодишните проучувања во кои ги открил вистинските причинители и пренесувачи на маларијата. |
1993 | Владата на Демократска Народна Република Кореја донесе одлука за признавање на Република Македонија. |
1994 | Во Скопје, во издание на „МИ-АН“, излегува првиот број на „Македонско време“, независен информативно-политички магазин. |
1938 | Британија, Франција, нацистичка Германија и фашистичка Италија го потпишуваат Минхенскиот договор. |
1941 | Почнало Драмското востание на македонските и грчките востаници против бугарскиот окупатор. Во Драма, Просечен, Крлуково и Кобалишта, кои биле нападнати од востаниците, била воспоставена народната власт. По жестоките борби, бугарската војска и полиција го задушиле востанието и притоа извршиле масакрирање на околу 3.000 луѓе и биле преземени различни репресивни мерки низ целата територија во источната област на Егејска Македонија. |
1941 | Започнала масовната ликвидација на Евреите кај Бабин Јар, Киев — еден од најстрашните масакри во Втората светска војна. |
1991 | Во селото Усје, Скопско е осветена „црквата Свети Атанасиј“. |
1993 | Во Аруба, држава на Карипските Острови, Република Македонија е примена за полноправен член на Интерпол, меѓународна организација на криминалистичките полиции. |
489 | Остроготите под воство на Теодорих Велики по вторпат извојувале победа над војската на италијанскиот крал Одоакар |
1399 | Хенри IV е прогласен за крал на Англија. |
1814 | По победата на Наполеон, големите сили го свикале Виенскиот конгрес. Одлуките што биле донесени, на Европа и обезбедиле мир, но неколку децении не го решиле прашањето на малите народи, жртвувани за да се наградат големите сили. |
1864 | Бостонскиот забар Вилијам Мортон прв го употребил етерот како средство за анестезија. |
1903 | Во Виена и Мирцштег почнал состанокот помеѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот цар Франц Јосиф и нивните министри за надворешни работи, на кој е изработена програма за реформи во Македонија позната како „Мирцштешка реформска програма“, донесени на 2 октомври 1903 г. Со овие реформи, иако битно не се изменила состојбата во Македонија, дале придонес за актуелизирање на македонското прашање во меѓународните односи. |
1991 | Повеќе стотици илјади Чеси загрижени поради евентуалната поделба на земјата бараа референдум за отцепување на Словачка. |
1993 | Советот на НАТО го одобри воениот план за поставување на повеќе од 50.000 војници во Босна и Херцеговина во период од две години. |
1998 | Во Скопје почна со работа Македонската информативна агенција — МИА, официјален јавен информативен сервис на Република Македонија. |