3 септември (настани)
Изглед
| 590 | Григориј I станува папа. |
| 1650 | Трета англиска граѓанска војна: Битка кај Данбар |
| 1651 | Трета англиска граѓанска војна: Вустерска битка - Чарлс II е поразен во последната главна битка во војната. |
| 1783 | Американска револуционерна војна: Војната завршува со потпишувањето на т.н. Париски договор од страна на САД и Кралството на Велика Британија. |
| 1855 | Индијански војни: Во Небраска, 700 војници под раководство на Американскиот Генерал Вилијам С. Харни се одмаздуваат за Гратан Масакарот со напаѓање на Индјанско село, убивајќи 100 мажи, жени, и деца. |
| 1892 | Англискиот фудбалски клуб Нотингем Форест го одигра својот прв натпревар во лигата против ФК Евертон. |
| 1901 | На патот од Банско за Симитли, кај месноста Потпрена скала, четниците на Јане Сандански и Христо Чернопеев ја киднапирале протестантската мисионерка Мис Елен Стоун и нејзината придружничка Катерина Стефанова - Цилка. |
| 1933 | Во Софија излегол првиот број на „Македонска правда“, весник на македонската емиграција, кој ја поддржувал идејата за балканска федерација. |
| 1939 | Започнала Втората светска војна, со објавувањето на војна од страна на Франција, Обединетото Кралство, Нов Зеланд и Австралија против Германија по инвазијата на Полска. |
| 1943 | Во Сиракуза, Италија потпишано е примирје меѓу сојузниците и италијанската Влада на маршал Бадољо. Пет дена подоцна, Италија капитулира. |
| 1967 | Шведска ја менува страната на возење од лево на десно. |
| 1971 | Катар добива независност од Обединетото Кралство. За разлика од другите емирати, Катар одбива да стане дел на Обединетите Арапски Емирати или Саудиска Арабија. |
| 1976 | Програм „Викинг“: Вселенското летало „Викинг 2“ слетува кај Утопија Планитија на Марс. |
| 1995 | Основана е фирмата eBay. |
| 1997 | Кај селото Жидилово, кај Крива Паланка во Република Македонија пристигна природниот гас. |