Црква „Св. Атанасиј“ - Усје

Од Википедија — слободната енциклопедија
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Атанасиј
Crkva-Sveti-Atanasij-Usje-MK.jpg

Поглед на црквата Свети Атансиј во селото Усје

македонска православна црква
Епархија Скопска
Местоположба

Карта

Координати 41°57′21″N 21°27′22″E / 41.95583° СГШ; 21.45611° ИГД / 41.95583; 21.45611Координати: 41°57′21″N 21°27′22″E / 41.95583° СГШ; 21.45611° ИГД / 41.95583; 21.45611
Место Усје
Општина Кисела Вода
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Атанасиј
Изградба 1979 година (обновена)
Осветување 29 септември 1991
Архитектонски опис

Свети Атанасиј — црква во селото Усје во близината на градот Скопје. Таа е возобновена во 1979 година на местото на старата селска црква во која се најдени стари римски плочи и натписи. Осветувањето на црквата „Свети Атанасиј“ во село Усје се одржало на 29 септември 1991 година. Црквата се наоѓа во горниот дел на селото (Горното Маало) речиси на самиот завршеток на селото, во долот на Усјанскиот Јаз од неговата десна страна. На влезната врата на црквата е запишана годината на обновата на црквата — 1979, а постои и фреска-мозаик на патрониот светец Свети Атанасиј. Градбата на црквата содржи една главна голема купола, четири помали странични куполи, фасада од тули и камбанарија. Во склоп на црквата се и селските гробишта.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • Црква Св. Атанас — име на археолошкиот наод со латински натписи пронајден во старата црква

Наводи[уреди | уреди извор]