Црква „Св. Петка“ - Црниче
Света Петка
| |
![]() Поглед кон црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Скопска |
Архијерејско намесништво | Скопско |
Местоположба | |
---|---|
Место | Црниче |
Општина | Кисела Вода |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Света Петка Трновска |
Изградба | 1904 |
Осветување | 3 септември 1923 |
Зограф | Димитар Папрадишки |
Архитектонски опис |
Света Петка — црква во скопската населба Црниче во Општина Кисела Вода. Овој храм бил подигнат и осветен во 1923 година[1], но чинот на осветување и поставување на камен-темелник за изградба на црквата бил извршен во 1904 година. За 20 години била изградена целосно и осветувањето го извршил тогашниот скопски митрополит Варнава (1920-1930). Постои камен-плоча на која може да се прочита дека храмот бил завршен и осветен на 3 септември 1923 година. Црквата е градена според традиционалниот византиски тип - триконхос од развиен тип, со централна купола и купола над нартексот. Осумаголната централна купола е потпрена на масивни и нагласени пиластри во ентериерот на црквата. Масивните ѕидови на куполата се расчленети со полукружни вертикални ниши во кои се сместени прозорски отвори. На северната и на јужната страна фасадата ерасчленета со осумаголни конхи. По катастрофалниот земјотрес во 1963 година црквата била оштетена. При поправките од јужната и од северната страна таа е проширена со параклис, посветен на светите цареви и рамноапостоли Константин и Елена, а по извесно време од северната страна е дограден параклис, посветен на Света великомаченичка Недела. Независно од црквата е подигната четирикатна осумаголна камбанарија. Внатрешното декорирање на храмот, односно живописот и иконописот му биле доверени на последниот и најдобар зограф на тоа време, Димитар Папрадишки. Иконостасот е дрвен, со сликана рудиментирана флорална декорација, во централниот дел поставен праволиниски, а од северната и од јужната страна скршнува и ја следи ар хитектурата на градбата..
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Милица Кранго, сеќавања, теренски истражувања во 1995 г.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Мачниот живот, потик да ѝ се посвети храм на големата спасителка Параскева Архивирано на 25 јануари 2011 г. - Репортажа
- Галерија на слики
![]() |
„Црква „Св. Петка“ - Црниче“ на Ризницата ? |