Црква „Св. Никита“ - Кисела Вода
Свети Никита
| |
Поглед кон црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Скопска |
Архијерејско намесништво | Јужноскопско |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°58′13.8″N 21°26′27.1″E / 41.970500° СГШ; 21.440861° ИГД |
Место | Кисела Вода |
Општина | Кисела Вода |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Никита Готски |
Изградба | XVII век |
Ктитор | Усеин-бег |
Архитектонски опис |
Свети Никита — црква во скопската населба Кисела Вода.[1]
Легенда
[уреди | уреди извор]На местото каде што денес се наоѓа црквата, извирала кисела вода. Кон крајот на XVIII век во овој крај се населил Усеин-бег, кој изградил голем чифлик со сарај и куќа со огромни цветни градини. Усеин-бег бил слеп и при една прошетка низ својот чифлик отишол да се измие од изворот на кисела вода. Откако си ги измил очите со водата, тој прогледал. Оттогаш ова место околу изворот го прогласил за свето земјиште, а целата област ја нарекол Кисела Вода. Тој им забранил на овчарите околу изворот да ги пасат овците, а водата која во изобилие извирала, ја користел за наводнување на својот имот. Турците ја почитувале светата земја од страв дека доколку ја осквернават ќе ги снајде голема несреќа. Кога бегот си заминувал од Македонија, како благодарност за чудото што му се случило, на староседелците им дал пари веднаш до изворот да изградат црква. Староседелците го исполниле аманетот на бегот и ја изградиле денешната црквичка Св. Никита. Поради приказната за чудото што му се случило на Усеин-бег откако се измил со киселата вода, ова место станало многу познато. Луѓе од целата скопска околина доаѓале да се измијат од водата за која верувале дека е лековита, а, пак, младите девојки оставале по некој дел од нивната облека со верување дека ќе им се оствари посакуваната желба.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Во Кисела Вода извирала лековита вода[мртва врска]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Црква „Св. Никита“ - Кисела Вода на Ризницата ?