Црква „Св. Еремија“ - Пинтија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети пророк Еремија
Crkva-Sv.Eremija-Pintija.jpg

Поглед на црквата Свети пророк Еремија во Пинтија

македонска православна црква
Епархија Скопска
Парохија Горнолисичка
Местоположба

Карта

Место Пинтија
Општина Кисела Вода
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Еремија
Изградба 1989-1991 година (обновена)
Осветување 1999; пред 24 години (1999)
Архитектонски опис

Свети пророк Еремијамакедонски православен храм над скопската приградска населба Пинтија во местото, нарекувано од жителите на Горно Лисиче, Песја Чука. Меѓу месното население црквата се смета и нарекува манастир, таа е една од ретките цркви во Македонија посветена на овој светец пророк од Стариот завет. На патрониот празник, 13-14 мај, ручек во црквата раздаваат семејства од населбата Горно Лисиче. Околу црквата постојат камбанарија, кујна за ручање и сцена-амфитеатар на која се одржува детската културна манифестација „Цветови“[1].

Историја[уреди | уреди извор]

Денешната црква била започната да се гради во 1989 година и била завршена во 1991 година, од страна на црковниот одбор на црквата „Св. Апостоли Петар и Павле“ - Горно Лисиче,[2] на местото на старата помала црква која била изградена од ќерпич. Манастирот бил осветен во 1999 година од страна на митрополитот Агатангел.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=8FC8F5FF4D82154B8468E8696A1A4288
  2. Малковски, Ѓорѓи, уред. (2002). Горно Лисиче - Скопско. Скопје: Црковен одбор на Црквата „Св. Апостоли Петар и Павле“ - Горно Лисиче. стр. 119.
  3. Малковски, Ѓорѓи, уред. (2002). Горно Лисиче - Скопско. Скопје: Црковен одбор на Црквата „Св. Апостоли Петар и Павле“ - Горно Лисиче. стр. 121.