Црква „Св. Петка“ - Драчево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Света Петка

Црквата „Света Петка“ со големиот крст и новоизградената камбанарија во месноста Три Круши над Драчево

македонска православна црква
Епархија Скопска
Архијерејско намесништво Скопска
Местоположба

Карта

Место Драчево
Општина Кисела Вода
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Света Петка
Архитектонски опис

Света Петка — црква во месноста Три Круши над селото Драчево. До неа е подигнат голем крст кој навечер свети над Драчево. Непосредно пред црквата се изградени голем број на клупи и маси, а секое лето на сцената пред крстот се одржува културната манифестација Културно лето „Три Круши“[1]. Веднаш до црквата стои стариот камен (мермерен) крст со натпис Света Петка. Овој крст познат меѓу драчевци и како Корџев Крст, стоел на ова место многу одамна, кога најверојатно постоела црква со име Света Петка. Сегашната црква е возобновена во поново време од семејството Павлевци (според натписот над влезната врата на црквата). Внатрешноста на црквата е целосно живописана со фрески кои се дар од драчевските семејства. Местото е често посетувано од жителите на Драчево. Помеѓу 25 и 26 март 2012 година, во црквата бил извршен грабеж, при што биле украдени околу 6.000 денари и била причинета помала матеројална штета.[2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-06-20. Посетено на 2010-12-30.
  2. „Од црквата „Св.Петка" на „Три круши" во Драчево украдени се 6.000 денари“. +Инфо. 27 март 2012. Архивирано од изворникот на 2012-03-30. Посетено на 2012-03-27.