1 септември (настани)
Изглед
| 1752 | Ѕвоното на слободата пристигнува во Филаделфија. |
| 1804 | Јунона, еден од најголемите астероиди во главниот појас, била откриена од германскиот астроном Карл Лудвиг Хардинг. |
| 1897 | Се отвора подземното метро во Бостон, станувајќи првото од тој вид во Северна Америка. |
| 1905 | Алберта и Саскачеван се придружуваат во Канадската конфедерација. |
| 1939 | Со инвазијата на нацистичка Германија врз Полска започна Втората светска војна. |
| 1985 | Заедничка американско-француска експедиција ги открива остатоците на Титаник. |
| 1992 | Министерството за надворешни работи на Русија официјално предложи Република Македонија да назначи свој официјален претставник во Москва. |
| 2004 | Во рускиот град Беслан започна заложничката драма, кога група вооружени чеченски терористи го нападнаа основното училиште во овој град во Јужна Осетија. |