Карл Лудвиг Хардинг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Карл Лудвиг Хардинг
Karl Ludwig Harding
Karl Ludwig Harding.jpg
Роден29 септември 1765(1765-09-29)
Лауенбург
Починал31 август 1834(1834-08-31) (возр. 68)
Гетинген
Познат по3 Јунона, астрономски откритија
Поважни наградиЧлен на Кралското друштво
Лаландова награда

Карл Лудвиг Хардинг (германски: Karl Ludwig Harding, 29 септември 176531 август 1834) — германски астроном, познат како откривач на 3 Јунона во 1804 г. како третооткриен астероид во историјата[1][2] Во негова чест се наречени месечевиот кратер Хардинг и астероидот 2003 Хардинг.[3]

Роден е во свештеничко семејство во Лауенбург, Војводство Саксо-Лауенбург. Од 1786 до 1789 г. се образувал во Гетингенскиот универзитет, каде изучувал теологија, математика и физика.[2] Во 1796 г. Јохан Јероним Шретер го најмил како подучувач на неговиот син. Шретер бил страстен аматерски астроном, па така Хардинг набргу бил назначен за набљудувач и инспектор во неговата опсерваторија.

Во 1804 г. во таа опсерваторија Хардинг ја открил Јунона. Истата година бил назначен за професор по астрономија во Гетинген и го напуштил Лилиентал, каде на негово место дошол Фридрих Бесел.

Откритија[уреди | уреди извор]

Покрај Јунона, Хардинг открил три комети и променливите ѕвезди R Девица, R Водолија, R Змија и S Змија.[4]

Дела[уреди | уреди извор]

Хардинг ги објавил следниве дела:[1]

  • Atlas novus coelestis („Нов небесен атлас“, 1808–1823; преуреден од Јан во 1856 г.) во кој се дава каталогизирани 120.000 ѕвезди
  • Kleine astronomische Ephemeriden („Мала астрономска ефемерида“, уред. од Вајсен, 1830–35)
  • петнаесеттата од Ѕвездените карти на Берлинската академија (1830)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Wikisource-logo.svg "Хардинг, Карл Лудвиг". Нова меѓународна енциклопедија. 1905. 
  2. 2,0 2,1 Hockey, Thomas (2009). The Biographical Encyclopedia of Astronomers. Springer Publishing. ISBN 978-0-387-31022-0. Посетено на 19 јуни 2016.
  3. Schmadel, Lutz D. (2007). „(2003) Harding“. Dictionary of Minor Planet Names – (2003) Harding. Springer Berlin Heidelberg. стр. 162. doi:10.1007/978-3-540-29925-7_2004. ISBN 978-3-540-00238-3.
  4. Zsoldos, E. (1994). „Three Early Variable Star Catalogues“. Journal for the History of Astronomy. 25 (2): 92–98. Bibcode:1994JHA....25...92Z. doi:10.1177/002182869402500202. S2CID 117099222.

Извори[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]