Ѕвоно на слободата
Ѕвоно на слободата | |
---|---|
![]() Ѕвоното на слободата надвор од Сала на независноста во Филаделфија во април 2017 година | |
![]() Interactive map pinpointing the bell's location | |
Координати | 39°56′58″N 75°9′1″W / 39.94944°N 75.15028°W |
Место | Филаделфија, Пенсилванија, САД |
Проектант | Whitechapel Bell Foundry |
Тип | Ѕвоно |
Материјал | 70% Бакар, 20% Калај, 10% други материјали |
Ширина | 3.82 ст (1.16 м) (обемот е 12 ст (3.7 м), 7.5 ст (2.3 м)) |
Висина | околу 4 ст (1.2 м) |
Завршен | 1752 |
2,080 pounds (940 kg) |
Ѕвоно на слободата — исконски симбол на американската независност, кој се наоѓа во Филаделфија, Пенсилванија. Порано било поставено на кулата на Државната куќа на Пенсилванија (денес преименувана во Сала на независноста), ѕвоното е направено од лондонската леарница на Лестер и Пак (денес преименувана во Whitechapel Bell Foundry) во 1752 година и било испишано со букви (дел од Левит 25:10) „Прогласете слобода низ целата земја и сите жители во неа‟. Првично проѕвонило кога за првпат пристигнало во Филаделфија, а двапати проработило од страна на локалните работници Џон Пас и Џон Стоу чии презимиња се наоѓаат на ѕвоното. Во своите рани години ѕвоното било користено за да се повикуваат законодавците и законодавни заседавања за да се предупредат граѓаните за јавни средби и прокламации.
Непосредна прокламација од гласовите на Вториот Континентален Конгрес за независност не била направна и на тој начин ѕвоното не заѕвонило на 4 јули 1776 година барем не за каква било причина во врска со тоа гласање. Ѕвоната ѕвонеле за да го одбележат читањето на Декларацијата за независност на 8 јули 1776 година и иако не постои доказ дека имало ѕвонење на ѕвоното за слободата, повеќето историчари верувале дека сепак едно од ѕвоната проѕвонело. Откако американската независност била обезбедена, ѕвоното останало во анонимност неколку години. Во 1830-тите ѕвоното било усвоено како симбол од страна на аболициностичките општества коишто го надзинхронизирале во „Ѕвоно на слобода”. Својата карактеристична пукнатина ја добило некаде во почетокот на 19 век – широкораспространети приказни тврдат дека тоа испукало додека ѕвонело за време на смртта на врховниот судија Џон Маршал во 1835 година.
Ѕвоното станало познато по краткиот расказ во 1847 година кој тврдел дека еден стар ѕвонар го проѕвонел на 4 јули 1776 година по сослушувањето на гласањето на Вториот Континентален Конгрес за независност. И покрај фактот дека ѕвоното не заѕвонило за независност на тој 4 јули, приказната била широко прифатена како факт, дури и од страна на некои историчари. Кон почеток на 1885 година, градот Филаделфија, кој што го поседува ѕвоното, дозволил да биде на различни изложби и патриотски собири. Ѕвоното привлекло голем број луѓе каде и да било однесено и се здобило со дополнителни напукнувања и биле оштетени повеќе делови од страна на уништувачи на сувенири. Последен пат тоа се случило во 1915 година по што градот одбил понатамошни барања.
По Втората светска војна, градот и дозволил на Националната парк-служба да го преземе надзорот на ѕвоното, задржувајќи сопственост. Ѕвоното се користело како симбол на слобода за време на Студената Војна и било популарно место за протестите во 1960-тите. Тоа било преместено од својот долгогодишен дом во „Салата за Независност‟ во близина во стаклениот павилјон на трговскиот центар „Независност” во 1976 година, а потоа и во павилјонот на поголемиот центар „Ѕвоно на Слободата‟ во непосредна близина, во 2003 година. На ѕвоното е пишувано со монети и поштенски марки и неговото име и слика е видно користена од страна на здруженијата.
Историја
[уреди | уреди извор]Пронаоѓање (1751–1753)
[уреди | уреди извор]Градското ѕвоно на Филаделфија се користело за да ја предупреди јавноста за прокламации или граѓанска опасност, од основањето на градот во 1682 година. Оригиналното ѕвоно обесено на дрво позади Државната куќа на Пенсилванија (денес позната како Сала на независноста) се смета дека било донесено во градот од неговиот основач Вилијам Пен. Во 1751 година со изградбата на камбанаријата во Државната куќа на Пенсилванија, граѓанските власти побарале ѕвоно со подобар квалитет кое што ќе може да се чуе на поголема далечина во брзо проширениот град. Исак Норис, претседателот на Провинциското собрание на Пенсилванија дал наредби на застапникот на колонијата во Лондон – Роберт Чарлс да набави „добро ѕвоно тешко околу 2000 паунди”.[1]
- „Се надеваме и потпираме на нивната грижа и помош во оваа работа и дека ќе биде проследена од страна на првите добра како што нашите работници не известија и дека ќе нема поголеми незгоди за да се обеси ѕвоното пред нивните скелети да бидат удрени од зградата каде што имаат намера да го постават, кое што нема да биде завршено сè до крајот на следното лето или почетокот на есента. Ѕвоното нека биде поставено од страна на најдобрите работници и внимателно испитано, зборовите добро обликувани на него.
- По наредба на Собранието на провинцијата во Пенсилванија за државната куќа во градот Филада во 1752 година
- под Прокламацијата за Слобода низ целата земја и сите жители во неа.‟ -Левит XXV.[1]}}Наводот за Левит во директивата на Норис ја одразува современата практика на доделување уникатни квалитети на ѕвона кои го одразуваат нивниот посебен состав и леење.[2]
Натпис
[уреди | уреди извор]Натписот на ѕвоното гласи:
Proclaim LIBERTY Throughout all the Land unto all the Inhabitants Thereof Lev. XXV. v X.
By Order of the ASSEMBLY of the Province of PENSYLVANIA for the State House in PhiladA
Pass and Stow
Philada
MDCCLIII
или на македонски јазик:
Прогласете СЛОБОДА низ целата земја и сите жители во неа Лев. XXV. v X.
По наредба на СОБРАНИЕТО на провинцијата ПЕНСИЛВАНИЈА за Државниот дом во ФиладA
Пас и Стоу
Филада
MDCCLIII
Чарлс прописно го порачал ѕвоното од Томас Лестер од лондонската фирма за производство на ѕвона „Лестер и Пак” (денес „Whitechapel Bell Foundry”[3]) по цена од 150 фунти, 13 пени и 8 дајми[4] (еднакво на 28,409 фунти во 2023) вклучувајќи го пренесувањето и осигурувањето до Филаделфија. Ѕвоното пристигнало во август 1752 година. Норис му напишал на Чарлс дека ѕвоното е во добра состојба, но дека тие сè уште го немале чуено затоа што истовремено правеле часовник за кулата на Државната куќа. Ѕвоното било ставено на држач за да го тестираат звукот и со првото негово заѕвонување, еден од рабовите бил разбиен. Епизодата ќе се користи за добра сметка во понатамошните приказни за ѕвоното. Во 1893 година поранешниот претседател Бенџамин Харисон, говорејќи како ѕвоното поминало низ Индијанаполис, изјавил: „ова старо ѕвоно беше направено во Англија, но мора одново да биде променето во Америка пред да се наштима за проглсување на правото на самоуправа и еднаквите права на мажите.”[5] Властите во Филаделфија се обиделе да го вратат со брод, но мајсторот на бродот не бил во можност да го земе на бродот.[6]
Два локални основачи Џон Пас и Џон Сту се понудиле да го променат ѕвоното. Иако тие не биле искусни во леење на ѕвона, Пас се насочил кон леарницата во Маунт Холи во соседството во Њу Џерси и тие дошле од Малта, која имала традиција за леење на ѕвоно. Сту, од друга страна бил само 4 години отсутен од неговото учење занает како месингов основач. Во леарницата на Стоу на Втората Улица, ѕвоното било искршено на мали парчиња, стопени и излеани во ново ѕвоно. Двајцата основачи одлучиле дека металот бил многу кршлив и го надоплниле металот на ѕвоното со околу 10 проценти бакар. Ѕвоното било готово на 1 март 1753 година и Норис објавил дека насловот (каде се вклучени и буквите на основачите и годината) биле дури и почиткав на новото ѕвоно отоколку на старото.[7]
Градските власти закажале јавна прослава со бесплатна храна и пијалак за теситрање на одново направеното ѕвоно. Кога ѕвоното било удрено, не се распарчило туку звукот бил опишан од еден слушател како две канти за јаглен да биле треснати заедно. Исмејувани од страна на толпата, Пас и Стоу набрзина го вратиле ѕвоното назад за повторна преработка.[8] Кога производот на обновените напори на двајцата основачи бил повторно донесен во јуни 1753 година, звукот бил задоволувачки иако Норис лично укажал на тоа дека нему не му се допаѓа. Ѕвоното било закачено на кулата на Државната куќа истиот месец.[9]
Причината за тешкотиите со ѕвоното не е позната. Леарницата Вајтшапел и денес сè уште во бизнисот зазема став дека ѕвоното или било оштетено при преносот или скршено од неискусниот ѕвонар кој необомислено го залетал чукалото врз работ наместо на телото на ѕвоното. Во 1975 година, музејот Винтертур спровел анализа на металот на ѕвоното и се дошло до заклучок дека „серија грешки биле направени во изградбата, реконструкцијата и втората реконструкција на ѕвоното резултирала во кршливо ѕвоно кое што едвај одбегна да биде во растурените отпадоци.‟ Музејот открил значително повисоко ниво на калај во ѕвоното за слобода од другите ѕвона на леарницата Вајтшапел во тој период и претпоставувал дека Вајтшапел направил грешка во легурата најверојато користејќи делови со високо ниво на калај отколку вообичаениот чист бакар.Анализата покажала дека на второто обновување наместо да се додаде чист калај во металот на ѕвоното, Пас и Стоу додале поевтина легура од калај и нецелосно ја измешале со нов метал во калапот.[10] Резултатот бил „екстремно кршлива легура која не само што предизвика ѕвоното да не проѕвони туку и го олесни почетокот на колекторите за сувенири да одземе значителни делови од рамката‟.[11]
Американска револуција
[уреди | уреди извор]

Незадоволен од ѕвоното, Норис му наложил на Чарлс да нарача второ и да види дали Лестер и Пак ќе го земат назад првото и да ја одобрат вредноста на металот преку сметката. Во 1754 година, Собранието решило да ги зачува двете ѕвона – новото било прикачено на кулата часовник[12], додека пак старото по пат на гласање на Собранието било посветено „за такви употреби кои куќата може понатаму да ги назначи ”.[13] Еден од најстарите документирани објаснувања за употребата на ѕвоното се во писмото на Бенџамин Френклин до Кетрин Реј, адресирано во октомври, 1755 година: „Збогум. Ѕвоното заѕвони и јас морам да одам до оние задргобните и да зборувам за политика‟.[14]
Ѕвоното заѕвонело во 1760 година за да го одбележи пристапувањето на престолот на Џорџ III.[13] Во раните 1760-ти, Собранието и дозволило на локалната црква да ја користи Државната куќа за услуги и ѕвоното за да ги повикува верниците, додека зградата на црквата била во изградба..[14] Ѕвоното исто така било користено да ги повикува луѓето на јавни средби и во 1772 година група на граѓани се пожалиле на Собранието дека ѕвоното премногу често ѕвонело.[13]
И покрај легендите кои произлегле за ѕвоното на слободата, тоа не заѕвонело на 4 јули 1776 година (барем не за каква било причина поврзана со слободата), бидејќи немало јавна најава за Декларацијата на Независноста. Кога Декларацијата за Независност била јавно прочитана на 8 јули 1776 година ѕвонеле ѕвона и додека нема посебен доказ дека ова типично ѕвоно ѕвонело[15][16][17], повеќе органи на власта се сложуваат дека Ѕвоното на слободата било помеѓу оние ѕвона кои ѕвонеле[16]. Сепак, постојат шанси дека слабите услови на ѕвоното на Државната куќа го спречиле ѕвоното да ѕвони. Според Џон Пејџ кој напишал историски труд за ѕвоното на Националната парк-служба: „Ние не знаеме дали кулата била доволно цврста за да овозможи ѕвоното на Државната куќа да ѕвони на овој ден. Доколу тоа би можело да ѕвони, можеме да претпоставиме дека ѕвонело. Дали ѕвонело или не, тоа ги симболизира сите ѕвона кои ѕвонеа кога Соединетите Држави ја прогласија независноста“.[18]
Доколку ѕвоното ѕвонело, најверојатно било проѕвонето од Андру Мекнер кој бил чувар на Собранието и Конгресот и бил одговорен за ѕвонење на ѕвоното. Доколку Мекнер бил отсутен на два неопределени денови помеѓу април и ноември, најверојатно било ѕвонето од Вилијам Хари кој го одредил него како чувар за Конгресот.[19] Ѕвона ѕвонеле и да ја означат првата годишнина од независноста на 4 јули 1777 година.[16]
По поразот на Вашингтон во битката кај Брендвајн на 11 септември 1777 година, револуционерниот град Филаделфија останал беспомошен и градот се подготвил за она што било мајавено како неизбежен британски напад. Ѕвона можеле лесно да се преработат во муниција и граѓаните се плашеле дека Ѕвоното на слободата и другите ѕвона ќе ги снајде оваа судбина. Ѕвоното набрзина било симнато од кулата и испратено во возно купе под големо обезбедување до градот Бетелем. Месните возачи го пренеле ѕвоното во Сионската Обединета Христова црква во Нортемптон, денес Елентаун каде што надвор ја чекале Британската окупација позади лажен ѕид.[20] Тоа било вратено во Филаделфија во јуни, 1778 година по заминувањето на Британците. Со слабите услови на кулата на Државната куќа (кулата била потоа срушена, а подоцна обновена), ѕвоното било поставено во склад и било таму сè до повторното поставување во 1785 година.[21]
Ставено на горниот спрат на Државната куќа, ѕвоното ѕвонело во раните години од независноста на 4 јули на роденденот на Вашингтон, како и на денот на изборите за да ги потсети гасачите да го дадат својот глас. Исто така за да ги потсети студентите на Универзитетот во Пенсилванија за нивните часови во близината на Филозофската сала. Сè до 1799 година кога главниот град на државата бил преместен во Ланкастер, повторно заѕвонило да ги потсети законодавците за заседание. Кога државата Пенсилванија немала повеќе потреба од Државната куќа, предложила да се сруши и да го продаде земјиштето, а градот Филаделфија го купил земјиштето заедно со зградата, вклучувајќи го и ѕвоното за 70.000 долари, денес за $1,256,706 долари.[22]
19 век
[уреди | уреди извор]
Во 1828 година градот го продал второто ѕвоно од Лестер и Пак на римокатоличката црква Свети Агустин која била опожарена од антикатолички верници за време на Националистичките немири во Филаделфија во 1844 година. Остатоците од ѕвоното биле преработени и новото ѕвоно денес се наоѓа кај Универзитетот Виланова.[23]
Неизвесно е како дошло до разбивање на ѕвоното. Штетата настанала некаде помеѓу 1817 и 1846 година. Ѕвоното е споменато во повеќебројни написи во весници за време на тој период, не споменувајќи ја пукнатината која можела да се најде до 1846 година. Всушност, во 1837 година ѕвоноѕо било прикажано во издание без пукнатина. Во февруари 1846 година „Public Ledger‟ објавил дека ѕвоното заѕвонело на 23 февруари 1846 година на прославата на роденденот на Вашингтон (бидејќи 22 февруари се паднал во недела, прославата била одржана наредниот ден) и исто така објавил дека ѕвоното одамна било распукано, но било поправено со тоа што биле пополнети испуканите страни. Весникот објавил дека околу пладне било откриено дека ѕвонењето предизвикало распукувањето да биде широко проширено и дека „старото Ѕвоно на Слободата... сега е поставено на кулата на големиот град непоправливо испукано и засекогаш немо”.[24]
Најчестата приказна за напукнување на ѕвоното е таа дека тоа се случило кога ѕвоното заѕвонило по смртта на главниот судија на Соединетите Американски Држави Џон Маршал во 1835 година. Оваа приказна потекнува од 1876 година кога еден управник на Салата за Независност, Колнер Франк Етинг изјавил дека тој ја утдврдил вистината на оваа приказна. Додека има малку докази за ова поддршка на ова гледиште, тоа се прифатило и било широко распространето. Други утврдувања во врска со распукувањето на ѕвоното вклучуваат приказни во кои било оштетено при пречекот на Лафајет за неговото враќање во Соединетите Американски Држави во 1824 година, дека распукало објавувајќи го прифањањето на Британскиот католички акт во 1829 година и дека некои момчиња биле повикани да го заѕвонат ѕвоното и ненамерно го оштетиле. Дејвид Кимбал во неговата книга составена за Националната парк-служба укажува на тоа дека најверојатно тоа распукало помеѓу 1841 и 1845 година или пак на 4 јули или на роденденот на Вашингтон.[25]
Ѕвоното на Пас и Сту било најпрвин наречено „Ѕвоно за слободата‟ во весникот на њујоршкото противропствено општество („Anti-Slavery Record”). Во дел од 1835 година „Ѕвоното на слободата“ жителите на Филаделфија биле казнувани да не прават напори за отстранување на смртната казна. Две години подоцна, во работата на друго општество, дневниот весник Либерти објавил слика на ѕвоното во фасадата со зборовите: „Прогласете Слобода“[26]. Истата година, противробовската публикација на Вилијам Лоид Гарисон „The Liberator‟ го препечатил аболистичкиот памфллет на Бостон кој ја содржел поемата под наслов: „Ѕвоно на слободата” кој истакнал дека во тоа време и покрај овој натпис, ѕвоното не прогласило слобода за сите жители на земјата.[27]
Голем дел од современиот излгед на ѕвоното е како остаток од прокламацијата на Американската независнот која била создадена од писателот Џорџ Липард. На 2 јануари 1847 година, неговата приказна „Четврти јули, 1776 година‟ се појавила во магазинот „Saturday Review”[28]. Краткиот расказ опишан од стар ѕвонар на 4 јули 1776 гдина, седејќи под ѕвоното, плашејќи се дека Конгресот нема да има храброст да прогласи независност[29]. На најдраматичниот момент едно момче се појавува со инструкции: да го заѕвони ѕвоноѕо. Приказната била широко препечатена и скоро го поврзала Ѕвоното за Слобода со Декларацијата за наезависност на јавно мислење.[30] Елементите на приказата биле препечатени во Сликовитиот Водич низ Револуцијата на историчарот Бенсон Џ. Лосинг (објавен во 1850 година)[31] како историски факт и приказната беше широко распространета на генерациите во основните училишта.[32]
Во 1848 година, со зголемувањето на интересот за ѕвоното, градот одлучил да го помести во Собраниската соба (исто така позната како Соба за Декларација) на првиот кат, каде Декларацијата и Уставот на Соединетите Американски Држави биле дебатирани и потпишани.[33] Градот изградил раскошен пиедестал за ѕвоното. Ѕвоното за Слобода било изложено на тој пиедестал во следниот четврт век поставено до орел (оригинално извајан,подоцна пополнет).[34] Во 1853 година, претседателот Френклин Пирс ја посетил Филадефија[35] и ѕвоното и зборувал како ѕвоното ја симболизира Американската револуција и слобода. Во тој период, Салата за независност се користела и како судница, а еден афроамерикански весник укажал на непостоењето на симбол на слбоодата во истата зграда во која федералните судии држеле сослушувања под Законот за бегалски робови.[36]
Во февруари 1861 година, новоизбраниот претседател Абрахам Линколн пристигнал во Собраниската соба и дал свое обраќање за својата инаугурација во Вашингтон.[37] Во 1865 година, телото на Линколн било вратено до Собраниската соба по неговиот атентат за да може јавно да се види телото пред да се испрати до неговиот вечен дом во Спрингфилд. Поради временските ограничувања само мал дел биле во можност да го видат[38] . Редиците во кои биле сите оние кои сакале да го видат не биле пократки од 3 милји (4.8 километри). Сепак помеѓу 120.000 и 140.000 луѓе имале можност да поминат до отворениот ковчег и потоа на ѕвоното внимателно поставено над главата на Линколн, можеле да го прочитаат написот :„Прогласете слобода низ целата земја и за сите жители во неа“[37].





Во 1876 година, градските власти разговарале за тоа каква улога ѕвоното треба да игра во националнот фестивал по повод Стогодишнина на нацијата во Филаделфија. Некои сакале да го поправат со што ќе може да ја проѕвони на мафинестацијата во Филделфија, но идејата не била усвоена. Чуварите на ѕвоното заклучиле дека е малку веројатно од метал да се направи ѕвоно кое ќе има пријатен звук и дека пукнатината станала дел од ѕвоното. Наместо тоа, копија која тежи 13.000 паунди (5.900 килограми) (илјада килограми за секоја од оригиналните држави) била излеана. Металот искористен за она што бил наречен „Стогодишнина на ѕвоното” во кој биле вклучени 4 метални топови: еден користен од страна на Американсата револуционерна војна и еден користен за Граѓанската воја. Ѕвоното проѕвонило на 4 јули 1876 година, кое подоцна било преработено за подобрување на неговиот звук и денес ѕвоното е прикачено до часовникот на кулата на Салата за независност[39]. Додека Ѕвоното за слобода не било изложено, голем број посетители дошле за да го видат и неговата слика била ставена на голем број сувенири кои биле продавани и државните павалјони содржат копии на ѕвоното направени од супстанци од камен па сè до тутун.[40] Во 1877 година, ѕвоното било закачено на Собраниската соба со синџир од тринаесет окови.[41]
Помеѓу 1885 и 1915 година, Ѕвоното на Слободата поминало неколку патувања, експозиции и изложби. Секој пат, ѕвоноѕо патувало преку железница, со голем број постојки за време на патот за да можат луѓето да го видат..[42] Од 1885 година, Ѕвоното на слободата станало меѓународно признаено како симбол за слобода и како богат остаток од независноста и сè повеќе се набројувале приказни како верзијата на легендата на Липард, кои биле препечатени во историјата и училишни книги. Во раната 1885 година, градот се согласил ѕвоното да патува до Њу Орлеанс на изложба на Светската годишнина на памукот. Голем број луѓе го виделе ѕвоното на секоја од станиците. Во Билокси, Мисисипи, поранешниот претседател на Конфедеративните Американски Држави, Џаферсон Дејвис дошол да го види ѕвоното.[43] Дејвис одржал говор со почит упатен до ѕвоното и повикувајќи национално единство. Во 1893 година, било пратено на изложбата за Светските Колумбијци во Чикаго за да биде центар на државната изложба во зградата на Пенсилванија.[44] На 4 јули 1893 година во Чикаго ѕвоното било поздравено со првата изведба на Ѕвоното за слобода во март, изведена од стана на „американскиот бенд водач” Џон Филип Суса.[45]
Граѓаните на Филаделфија започнале да не ја прифаќаат таа идеја звоното да се праќа во други градови кога тоа се вратило распукано од Чикаго и секое ново предложено патување се соочувало со зголемување на опозицијата.[46] Исто така било пронајдено дека приватниот чувар на ѕвоното ги отстранувал напукнатините за сувенири. Градот го поставил ѕвоното во стаклен сад. Во 1898 година, било извадено од стаклениот сад и повторно прикачено на кулата на Салата за независност во соба која ќе остане негов дом сè до крајот на 1975 година. Чувар бил поставен за да ги обесхрабри ловците на сувенири да го присвојат.[47]
Од 1909 година, ѕвоното поминало шест патувања и не само што распукувало уште повеќе туку и ловците на сувенири го лишиле од еден процент од својата тежина. Неговата тежина била пријавена како 2.080 lb (940 кг) во 1904 година[48].
20 век
[уреди | уреди извор]Кога во 1912 година организатоорите на Меѓународната изложба Панама–Тихи Океан го побарале ѕвонто за саем во Сан Франциско и градот бил принуден да го даде повторно. Градот конечно се одлучил да дозволи ѕвоното да патува затоа што тоа не отишло по западно од Сент Луис и било шанса да привлече милиони луѓе кои го немаат видено на друг начин.[49]
Сепак во 1914 година плашејќи се дека пукнатината моѓе да се прошири за време на долгиот пат, градот направил метална поддршка внатре во ѕвоното, која генерално се нарекува „пајак”. [50]
Во февруари 1915 година ѕвоното било нежно удирано со метални удиралки за да се произведе звуци кои ќе бидат пренесени на саемот како сигнал за да биде отворен..[51] Преносот кој исто така ги најавил и трансконтиненталните телефонски услуги.[52] Околу 5 милиони Американци го виделе ѕвоното на неговото патување на запад. Се проценува дека приближно 2 милиони го бакнале на саемот со неизброиливите погледи. Ѕвоното било вратено дома на друга патека – повторноо 5 милиони го виделе на неговото враќање.[53]
Пред да се врати во Филаделфија било пренесено само 5 пати[54]: трипати за патриотски опсервации во текот на Првата светска војна и двапати додека ѕвоното било преместувано од своето постојано место во 1976 и 2003 година.[55]Paige, p. 54</ref>. Чикаго и Сан Франциско го добиле неговото присуство со потпишување на петиции од 3.4 милиони ученици за изложбата за прогресот во Њујорк прикажа петиција за да обезбеди присуство на ѕвоното во 1939 на светски саем во Њујорк. Двата напори останале безуспешни.[56]
Во 1924 година, една од надворешните врати на Салата за независност била заменета со стакло, дозволувајќи им на некои поглед на ѕвоното и тогаш кога зградата била затворена. Кога Конгресот го прикажал првиот нацрт за мир на нацијата во 1940 година, првите жители на Филаделфија барале да прииложат заклетва пред Ѕвоното за слобода за отслужување на своите воени рокови.
Откако почнала војната, ѕвоното било повторно симбол кој се користел за да ги врати воените обврзници. Во раните почетоци на Втората светска војна се стравувало дека ѕвоното може повторно да биде во опасност од диверзанти или непријателски бомбардирања и градските власи се согласиле да го пренесат ѕвоното до Форт Нокс да биде складирано со државните резерви со злато. Идејата предизвикала бура на протести помеѓу луѓето и останала неприфатлива. Властите потоа сметале дека треба да се изгради подземен челичен свод над кој ќе биде прикажано или спуштено доколу има потреба. Проекто[57]т не се изведел откако студиите покажале дека копањето може да ги поткопа темелите на Салата за Независност. Ѕвоното било повторно поставено на Денот Д како и за време на победата на Европејците и на денот на победата над Јапонија.[58]


По Втората светска војна и по значителните контраверзии, градот Филаделфија се согласил дека ќе го пренесе притворот на ѕвоното и Салата за независност притоа задржувајќи ја сопственоста на федералната влада. Градот исто така ги пренел и некои згради кои ги поседува од колонијалниот период. Конгресот се согласил на пренесување во 1948 година и три години подоцна бил основан Независниот историски национален парк, присоединувајќи ги и управувајќи ги тие имоти од страна на Национална служба на парковите (НСП).[59] Националната служба на парковите станала одговорна за одржување и прикажување на ѕвоното. НСП исто така започнала да ги управува трите блока северно од Салата за независност која била осудена од државата, рушена и развиена во независен трговски центар.[59]
Во повоениот период, ѕвоното станало симбол на слобода во Студената војна. Ѕвоното било избрано за симбол од кампањата за зачувување на обврзниците во 1950 година. Целта на оваа кампања, Албен Баркли како потпретседател ја направил за да ја направи државата „толку силна што никој нема да може безмилосно да намтне безбожни идеологии врз нас.”[60] Во 1955 година, поранешните жители на нациите позади Железната завеса им било дозволено да го вметнат ѕвоното како симбол на надеж и охрабрување на нивните сонародници.[61] Странските достоинственици, како што се израелскиот премиер Давид Бен-Гурион и западноберлинскиот градоначалник Ернст Ротје биле донесени да го видат ѕвоното и тие прокоментирале дека ѕвоното ја симболизира врската помеѓу Соединетите Држави и нивните нации.[60] Во текот на 1960-тите, ѕвоното било место на неколку протести, движења за граѓанските права и неколку демонстратни кои ја поддржувале или биле против Виетнамската војна.[62]
Речиси на почеток од извршување на своите задачи, Национална служба на парковите направила обид да го премести ѕвоното од Салата на независноста на една конструкција каде полесно ќе можат да се грижат за ѕвоното и да ги пречекуваат посетителите[63]. Ваквиот прв предлог бил истакнат во 1958 година, по значителниот јавен собир. Национална служба на парковите се обидела повторно како дел од планирањата во 1976 за Двестегодишницата на Соединетите Американски Држави. Советодавниот комитет на Независниот национален историски парк во 1969 година, предожил ѕвоното да се помести од Салата на независноста затоа што не можело да очекува дека таму може да се пречекаат милион посетувачи кои ќе ја посетат Филаделфија за Двестегодишницата.[64] Во 1972 година, Национална служба на парковите објавила планови дека сака да изгради голема кула од стакло за ѕвоното во новиот центар за посетители јужно на Третата Улица и Честнут, два блока источно од Салата на независноста, која требало да чини 5 милиони долари, но граѓаните повторно протестирале против тој чекор. Наместо тоа, во 1973 година, Национална служба на парковите предложила да изгради помал павилјон од стакло за ѕвоното на северниот крај на трговскиот центар за независност, помеѓу улиците Арк и Рејс.[65] Градоначалникот на Филаделфија, Франк Ризо, се согласил со идејата за павилјонот, но предложил павилјонот да биде преку улицата Честнут од страна на Салата на независноста, од која државата стравувала дека ќе го уништи погледот на историската зграда од областа на трговските центри. Гледиштето на Ризо превладеало со што ѕвоното било преместено од стаклениот и челичен павилјон, на околу 200 јарди (180 метри) од неговиот стар дом во Салата на незаввисноста, откако почнало годината на одбележување а Двестегодишницата.[66]
За време на одбележување на Двестегодишницта, члленови на „Клубот за одолговлекувачи“ во Америка, шеговито го одбележале ѕвоното на леарницата Вајтшапел со знак „Добивме лимон” и „Што е со гаранцијата?” Леарницата им кажала на демнострантите дека ќе и биде многу драго доколку го поправат ѕвоното толку долго како што било вратено во оригиналното пакување.[6] Во 1958 година, леарницата (тогаш во трговијата под име „Mears and Stainbank Foundry”) понудила да го преправи ѕвоното и Национална служба на парковите кажала дека ниту тоа ниту јавноста ја сака отстранета пукнатината. Леарницата била повикана во 1976 година да направи целосна копија на Ѕвоното за Слободата кое било претставено на британската владетелка Елизабета II и кое било еднаш вдомено на кулата од поранешни посетители на трговскиот центар јужно на Третата Улица сè до неговото отстранување во 2013 година.[67]
Центар на Ѕвоното на Слободата
[уреди | уреди извор]


Во 1995 година, Национална служба на парковите започнала преелиминарна работа на повторно конструирање на трговскиот центар за независност. Архитектите Вентури, Скот Браун и здруженијата развиле голем план со две алтернативи. Првиот план предложил центар за посетители долг блок на јужната страна на улицата Маркет, во кој ќе биде сместено и Ѕвоното на слободата.[68] Ова би ги попречило трите блок -панорами на Салата за Незавнисност и ѕвоното би требало да дојде до излед единствено од јужната страна, односно од улицата Честнут. Вториот план опфаќал сличен таков трговски центар на северната страна на улицата Маркет[69], исто така попречувајќи ја панорамата на трговските центри, со ѕвоното во мал павилјон на јужната страна. Градскиот уредувач Едмунд Бејкон кој го следел конструирањето на трговските ценри во 1950-тите и прикажал зачувување на панорамите на Салата на независноста од суштинско значење. Тој направил свој нацрт план во кој ги вклучил павилјонот за ѕвоноѕо поставен северно од улицата Маркет. Реакцијата на јавноста за можното преместување на Ѕвоното на слободата толку даелеку од Салата на независноста била тотално негативна. Национална служба на парковите изјавила дека ѕвоното ќе остане на блокот помеѓу улиците Честнут и Маркет.[70] И други планови биле предложени, секој со свои слабости и предности, но целта била да се охрабрат посетителите да видат нешто повеќе од историскиот парк, а не само Ѕвоното на Слободата.[71]
Партнерството „Олин” било најмено да создаде нов голем план за трговскиот центар за независност. Неговиот тим го вклучил архитектот Бернард Чивински кој на крајот на изборот за дизјан ја добил можноста да го создава она што се нарекувало Центар на ѕвоното на слободата.[72] Значително поголем од веќе постоечкиот павилјон, овозможувајќи за простор за изложби и центар за јавно излагање, предложената зграда на ѕвоното за слобода исто така покрила околу 15% од основата на Претседателската куќа, „Белата Куќа” на Џорџ Вашингтон и Џон Адамс.[73] Археолозите ископале места наменети за изградбаата на Центарот на Ѕвоното на Слободата каде откриле остатоци од куќите од 1790-1800 години кои биле повторно закопани.[74] Проектот станал многу контраверзен кога било откриено дека робовите во Вашингтон биле вдомувани само на неколку чекори од планираниот влез на центарот.[75] Службата одбила повторно да ја дизајнира зградата за центарот на ѕвоното за слобода и кварталите на робовите, но неколку години подоцна на протестот од страна на „Црните активисти” се согласила.[76] Новиот објект, кој бил отворен на 9 октомври 2003 година е во близина на квартовите на робовите и е означен на тротоарот[77], за кое извршителите ја даваат важноста на она што го пронашле.[78]
21 век
[уреди | уреди извор]Новиот објект кој бил отворен неколку часа по поставувањето на ѕвоното на 9 октомври 2003 година, е во непосредна близина на контурите на робовите во Вашингтон означени на тротоарот, со интерпретативни панели кои го објаснуваат значењето на она што е пронајдено. ГПС адресата е 526 Маркет Стрит.[79]
Внатре во Центарот на ѕвоното на слободата, посетителите поминуваат низ голем број на експанати поврзани со ѕвоното пред да биде именувано во Ѕвоно на Слободата. Поради загриженоста за безбедноста по нападот на ѕвоното од страна на еден посетител со чекан во 2001 година, ѕвоното е кренато високо и не е повеќе на дофат на посетителите и притоа сите посетители се подложат на безбедносна проверка..[80]
Денес, Ѕвоното тежи 2080 паунди (94 килограми). Металот е 70% бакар и 25% калај, а осатокот се состои од олово, цинк, арсен, злато и сребро. Виси на она во кое се верува дека е неговаот јарем (врвка) направена од американска бреза[81]. Додека пукнатината на ѕвоното се појавува на крајот на кратенката „Филада” на последната линија на написот која во 19 век се проширува со надеж дека ѕвоното ќе продолжи да ѕвони. [82]Пукнатина во вид на влакнеста линија се проширува надвор и продолжува десно сè до врвот на ѕвоното преку зборот „и” (анг. „and” и „Пас и Стоу”, потоа преку одредениот член „the” пред зборот „Собрание ” (анг. „Аssembley”) и потоа преку буквите „рту”(анг. „rty”) во зборот „Слобода” (анг. „Liberty”) на првата линија. Пукнатината завршува во близина на приврзокот со јаремот.
Професорот Константин М. Греиф во својата книга следејќи ја историјата на Националниот парк на независноста, за Ѕвоното напишал:
- „Ѕвоното на Слободата е најпочитуваниот предмет во паркот, национална икона. Не е толку убав како другите нешта кои беа во Салата за Независност во оние значајни двестегодини, а е непоправливо оштетен. Можеби тоа е дел од нашата речиси мистична желба. Како што е нашата демократија кревка и несовршена, но тоа подлегна на закани и ги издржа истите.”[83]
Наследство и комеморации
[уреди | уреди извор]Во согласност со копиите кои се видени во Националниот историски парк, една рана копија од Ѕвоното на слободата го вклучува и таканареченото Ѕвоно за правдата или Ѕвоно на слободата на жените нарачано во 1915 година од страна на гласачите за да се залагаат за правото на глас на жените. Ова ѕвоно ја има истата легенда како и Ѕвоното на Слободата со два додадени зборови „Воспостави правда”, зборови преземени од Преамбулата на Уставот на Соединетите Американски Држави. Исто така и тоа ѕвоно имало чукало приврзано за ѕвоното за да не може да проѕвони, симболизирајќи ја неспособноста на жените, лишеноста од гласање за да влијаат врз политичките настани. Ѕвоното на Правдата обиколило доста за да ја објави причината. По усвојувањето на Деветнаесеттиот Амандман (доделувајќи им право на глас на жените), Ѕвоното на Правдата било доведено пред Министерството за Правда на 26 август 1920 година за конечно да проѕвони. Тоа останало на платформа пред Салата на независноста неколку месеци пред градското барање да биде отстрането од таму, а денес се наоѓа во Спомен капелата на Вашингтон во Валеј Форџ (место за кампови на американската армија во времето на Револуционерната Војна).
![]() |
![]() |
![]() Погледнете ги останатите верзии 1960, 1961, 1975 |
Како дел од зачуваните обврзници на Ѕвоното на слободата во 1950 година, 55 копии на Ѕвоното (по едно за секоја од 48-те држави, Областа на Колумбија и териториите) биле нарачани од страна на Одделот при Министерството за Финансии на Обединетите Држави и биле излеани во Франција од Леарницата Пакард. Ѕвоната требало да бидат изложени и да ѕвонат на патриотски прослави. Повеќе од ѕвоната денес се стационирани во близина на зградите на главниот град. Иако ѕвоното Винсконсин денес е во својот главен град, првично било поставено во дворот на „Центарот за згрижување на девојки”. Ѕвоното на Тексас е на Станицата на Универзитетот на Тексас „А и М” (анг. А & M) Ѕвоното во Тексас [84]било покажано на универзитетот во чест на дипломираните студенти на факултетот.[84][85]
Ѕвоното на Слободата се појавило на комеморативна монета во 1926 година за да ја означи 150-годишнината од Американската независност. Неговата прва употреба на монета било на задната страна на половината долар на Френклин, направена помеѓу 1948 година и 1963 година. Исто така се појавило на дизајнот на доларот на Ајзенхауер за Двестегодишнината, над месечината.[86]
Првата американска поштенска марка на која е прикажано Ѕвоното на Слободата е издадена за изложбата за 150-годишината во Филаделфија во 1926 година.[87] На оваа поштенска марка всушност се појавува копија на ѕвоното на влезот во дворот на изложбата.[88] Ѕвоното се појавува на поштенската марка која засекогаш ќе го има тој изглед, издадена во 2007 година и на која вредноста на поштенски стапки расте.[89] Оттогаш, Ѕвоното на слободата се појавува на неколку други поштенски марки во САД,[90] вклучувајќи ја и првата засекогаш марка, издадена од 2007 година.[91]
Ѕвоното на Слободата се појавило на нова белешка од 100$.[92] Приказот ќе се направи и во боја, и доколу исчезне тоа ќе биде во зависност на аглот на кој се наоѓа. Таа белешка требало да се издаде во фрвруари 2011 година, но поради проблеми при издавањето се одложило нејзиното излегување.
Името „Ѕвоно на слободата” или „Ѕвонче на Слободата” најчесто се користи за комерцијални цели и е означува имиња на брендови и бизниси од компании за животно осигурување па сè до услуги за придружба „Монтана”[93]. Walt Disney World има реплика на Ѕвоното на слободата што се наоѓа на Плоштадот на слободата во Волшебното Кралство. Репликата е фрлена од калапот на вистинското Ѕвоно на слободата во 1989 година.[84][94][95] Еден голем нацрт на ѕвоното стои над навивачките полиња во „Citizens Bank Park” – домот на Филаделфија Филис безбол тимот и е осветлен секогаш кога нивен играч постигне погодок[96]. Овој нацрт е префрлен од поранешниот дом на Филис, стадионот „Ветеранс”.[97] На 1 април 1996 година „Тако бел” објавил преку написи и реклами дека го откупил Ѕвоното и го променил неговото име во Ѕвоно на Слободата - Тако. Ѕвоното поминало половина година во седиштетото на корпорацијата во Ирвин, Калифорнија, како што било објавено во написите. Навредливи повици го преплавиле Националниот историски парк, а Парк Службата набрзина свикала прес–конференции за да негира дека ѕвоното е продадено. По неколку часа, „Taco Bell” признал дека тоа сепак е прво априлска шега. И покрај протестите, компанијата за продажба на такос, енчилади и буритос (јадења со мексиканско потекло) ја зголемила својата продажба за повеќе од милион долари таа недела.[98]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Paige, pp. 2–3
- ↑ Dupré, Judith (2007). Monuments: America's History in Art and Memory (1st. изд.). New York: Random House. стр. 15. ISBN 978-1-4000-6582-0. OCLC 70046094. Архивирано од изворникот October 19, 2021. Посетено на September 27, 2021.
- ↑ The Franklin Institute, p. 19
- ↑ One hundred fifty pounds, thirteen shillings and eightpence.
- ↑ Pierce, James Wilson (1893). Photographic History of the World's fair and Sketch of the City of Chicago. Baltimore: R. H. Woodward & Co. стр. 491. Посетено на August 17, 2010.
Liberty Bell.
- ↑ 6,0 6,1 „The Liberty Bell“. Whitechapel Bell Foundry. Архивирано од изворникот May 7, 2010. Посетено на August 9, 2010.
- ↑ Nash, p. 7–10
- ↑ Hanson, p. 7
- ↑ Hanson, p. 5
- ↑ Hanson, p. 4
- ↑ Hanson, p. 3
- ↑ Nash, pp. 11–12
- ↑ 13,0 13,1 13,2 Kimball, pp. 31–32
- ↑ 14,0 14,1 Paige, p. 13
- ↑ Kimball, pp. 32–33
- ↑ 16,0 16,1 16,2 Nash, pp. 17–18
- ↑ Fischer, p. 754
- ↑ Paige, p. 18
- ↑ Paige, pp. 17–18
- ↑ Nash, p. 19
- ↑ Kimball, p. 37
- ↑ Kimball, p. 38
- ↑ Kimball, p. 70
- ↑ Kimball, pp. 43–45
- ↑ Kimball, pp. 43–47
- ↑ Nash, p. 36
- ↑ Nash, pp. 37–38
- ↑ „George Lippard's "Fourth of July"“. Архивирано од изворникот December 26, 2018. Посетено на December 26, 2018.
- ↑ George Lippard (1847). The Rose of Wissahikon, Or, The Fourth of July, 1776: A Romance, Embracing the Secret History of the Declaration of Independence. G.B. Zieber & Company. стр. 63–. Архивирано од изворникот April 18, 2021. Посетено на December 27, 2018.
- ↑ Kimball, p. 56
- ↑ Paige, p. 83
- ↑ de Bolla, p. 108
- ↑ Nash, p. 47
- ↑ Nash, pp. 50–51
- ↑ Kimball, p. 60
- ↑ Nash, pp. 48–49
- ↑ 37,0 37,1 Hoch, Bradley R. (Summer 2004). „The Lincoln landscape: Looking for Lincoln's Philadelphia: A personal journey from Washington Square to Independence Hall“. Journal of the Abraham Lincoln Association. 25 (2): 59–70. Архивирано од изворникот на May 25, 2011. Посетено на August 10, 2010.
- ↑ Schwartz, Barry (2003). Abraham Lincoln and the Forge of National Memory. Chicago: University of Chicago Press. стр. 40. ISBN 0-226-74198-2. Архивирано од изворникот April 18, 2021. Посетено на August 10, 2010.
- ↑ Nash, pp. 63–65
- ↑ Nash, pp. 66–68
- ↑ Kimball, p. 68
- ↑ de Bolla, p. 111
- ↑ Nash, pp. 79–80
- ↑ Nash, pp. 84–85
- ↑ Nash, pp. 89–90
- ↑ Nash, p. 98
- ↑ Paige, p. 43
- ↑ Ashmead, Henry Graham (1904). „Philadelphia, the birthplace of the nation, the pivot of industry, the city of homes“. Shelden – преку Internet Archive.
- ↑ Nash, pp. 110–112
- ↑ The Franklin Institute, pp. 28–29
- ↑ Nash, p. 113
- ↑ Nash, p. 123
- ↑ Nash, pp. 113–115
- ↑ Paige, p. 57
- ↑ Kimball, p. 69
- ↑ Nash, pp. 148–151
- ↑ Paige, pp. 64–65
- ↑ Kimball, p. 71
- ↑ 59,0 59,1 Nash, pp. 172–173
- ↑ 60,0 60,1 Paige, p. 69
- ↑ Paige, p. 71
- ↑ Paige, pp. 76–78
- ↑ Paige, p. 72
- ↑ Paige, p. 78
- ↑ „New home sought for Liberty Bell“. The New York Times. New York. September 4, 1973. стр. 15. Архивирано од изворникот November 4, 2012. Посетено на August 10, 2010.
- ↑ Wooten, James T. (January 1, 1976). „Move of Liberty Bell opens Bicentennial“. The New York Times. New York. стр. 1. Архивирано од изворникот November 4, 2012. Посетено на August 10, 2010.
- ↑ Greiff, pp. 214–215
- ↑ Stephan Salisbury, "Architects push proposal to ring Liberty Bell with visitors center," The Philadelphia Inquirer, July 2, 1996.
- ↑ Henry Magaziner, "A Debate: Imagining the Mall," The Philadelphia Inquirer, June 30, 1996.
- ↑ Revision of the Proposed Plan for Independence National Historical Park, "Alternate E-1: Site Specific Actions #10 – Liberty Bell" (Denver, CO: National Park Service, September 1996), p. 11.
- ↑ Thomas Hine, "Lost in Space on Philadelphia's Independence Mall," The New York Times, February 9, 1997.
- ↑ Laurie Olin, "Giving Form to a Creation Story — The Remaking of Independence Mall," in Rodolphe el-Khoury, ed., Liberty Bell Center, Bohlin Cywinski Jackson (Philadelphia, PA: Oscar Riera Ojeda & Associates, 2006) ISBN 0-9746800-4-4
- ↑ „Footprints of LBC and President's House“. Архивирано од изворникот на August 8, 2011.
- ↑ Faye Flam, "Formerly on Ice, Past Unearthed. The Icehouse Found in Philadelphia Gives Glimpse into Colonial History," The Philadelphia Inquirer, February 23, 2001.[1] Архивирано на 19 април 2012 г.
- ↑ Stephan Salisbury & Inga Saffron, "Echoes of Slavery at Liberty Bell Site," The Philadelphia Inquirer, March 24, 2002.„Echoes of slavery at Liberty Bell site“. Архивирано од изворникот на April 19, 2012. Посетено на 2012-03-16.
- ↑ Joann Loviglio, "Historians decry burying history for Liberty Bell," Associated Press, March 30, 2002.„Historians decry burying history for Liberty Bell“. Архивирано од изворникот на April 19, 2012. Посетено на 2012-03-17.
- ↑ Stephan Salisbury, "Proposed wording on slave quarters draws fire," The Philadelphia Inquirer, October 31, 2002.„Proposed wording on slave quarters draws fire“. Архивирано од изворникот на October 7, 2012. Посетено на 2012-03-17.
- ↑ Stephen Mihm, "Liberty Bell Plan Shows Freedom and Slavery," The New York Times, April 23, 2003.[2] Архивирано на 7 септември 2017 г.
- ↑ „Visiting the Liberty Bell Center – Independence National Historical Park“. National Park Service. Архивирано од изворникот August 25, 2016. Посетено на 2016-08-05.
- ↑ Yamin, Rebecca (2008). Digging in the City of Brotherly Love: Stories from Philadelphia Archeology. New Haven, Ct.: Yale University Press. стр. 39–53. ISBN 978-0-300-10091-4. Архивирано од изворникот October 19, 2021. Посетено на August 9, 2010.
- ↑ „The Liberty Bell“ (PDF). National Park Service. Архивирано (PDF) од изворникот November 30, 2010. Посетено на August 11, 2010.
- ↑ The Franklin Institute, p. 21
- ↑ Greiff, p. 14
- ↑ 84,0 84,1 84,2 „Replicas of the Liberty Bell owned by U.S. state governments“. Liberty Bell Museum. Архивирано од изворникот на May 30, 2008. Посетено на August 11, 2010.
- ↑ „Academic Building and Rotunda“. Texas A&M University. Архивирано од изворникот на June 18, 2012. Посетено на March 15, 2012.
- ↑ Hudgeons, p. 413
- ↑ Nash, p. 126
- ↑ Annual Report of the Postmaster General. Washington, DC: U.S. Government Printing Office. 1926. стр. 6.
- ↑ „Sesquicentennial Exposition Issue“. Smithsonian National Postal Museum. Архивирано од изворникот July 14, 2014. Посетено на June 29, 2014.
- ↑ „Liberty Bell“. Smithsonian National Postal Museum. Архивирано од изворникот February 26, 2022. Посетено на February 26, 2022.
- ↑ „Forever Stamp Fact Sheet“. United States Postal Service. Архивирано од изворникот January 3, 2015. Посетено на December 31, 2014.
- ↑ „$100“. Bureau of Engraving and Printing. Архивирано од изворникот October 5, 2017. Посетено на September 7, 2017.
- ↑ Nash, p. 184
- ↑ Duncan, Gene. „Let Freedom Ring on Independence Day“. Disney Parks Blog. Walt Disney Company. Архивирано од изворникот на May 15, 2014. Посетено на May 14, 2014.
- ↑ „Liberty Bell“. Архивирано од изворникот May 15, 2014. Посетено на May 14, 2014.
- ↑ Nash, p. 183
- ↑ Ahuja, Jay (2001). Fields of Dreams: A Guide to Visiting and Enjoying All 30 Major League Ballparks. Citadel Press. стр. 62. ISBN 0-8065-2193-7. Посетено на August 11, 2010.
bell veterans stadium.
- ↑ Nash, pp. 141–143
Извори
[уреди | уреди извор]- de Bolla, Peter (2008). The Fourth of July and the Founding of America. Woodstock, NY: The Overlook Press. ISBN 978-1-58567-933-1.
- Andreas Daum, Kennedy in Berlin. New York: Cambridge University Press, 2008, ISBN 978-0-521-85824-3.
- Andreas Daum and Veronika Liebau, Die Freiheitsglocke in Berlin ‒ The Freedom Bell in Berlin. Berlin: Jaron, 2000, ISBN 978-3-89773-023-6.
- Fischer, David Hackett (2005). Liberty and Freedom: A Visual History of America's Founding Ideas. New York, NY: Oxford University Press. ISBN 978-0-19-516253-0.
- The Franklin Institute. (1962). Report of the Committee for the Preservation of the Liberty Bell (Report). Philadelphia, PA: The Franklin Institute. (reprinted in The Journal of the Franklin Institute, Volume 275, Number 2, February 1963), obtained from Independence National Historical Park Library and Archive, 143 S. 3rd St., Philadelphia PA 19106
- Greiff, Constance M. (1987). Independence: The Creation of a National Park. Philadelphia, Pa.: University of Pennsylvania Press. ISBN 0-8122-8047-4.
- Hanson, Victor F.; Carlson, Janice H.; Papauchado, Karen .. (1975). Analysis of the Liberty Bell: Analytical Laboratory Report #379 (Report). Winterthur, DE: Winterthur Museum. (obtained from Independence National Historical Park Library and Archive, 143 S. 3rd St., Philadelphia PA 19106)
- Hudgeons Jr., Tom (2009). The Official Blackbook Price Guides to United States Coins 2010 (48th. изд.). New York, NY: Random House. ISBN 978-0-375-72318-6. Архивирано од изворникот October 19, 2021. Посетено на October 18, 2020.
- Kimball, David (2006). The Story of the Liberty Bell (revised. изд.). Washington, DC: Eastern National (National Park Service). ISBN 0-915992-43-4.
- Nash, Gary B. (2010). The Liberty Bell. New Haven, CT: Yale University Press. ISBN 978-0-300-13936-5.
- Paige, John C. (1988). Kimball, David C. (уред.). The Liberty Bell: A Special History Study (Report). Denver, CO: National Park Service (Denver Service Center and Independence National Historical Park). (obtained from Independence National Historical Park Library and Archive, 143 S. 3rd St., Philadelphia PA 19106)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]![]() |
„Ѕвоно на слободата“ на Ризницата ? |
- Liberty Bell. Independence Hall Association
- Liberty Bell Center. Independence National Historical Park. National Park Service official website
- The Liberty Bell: From Obscurity to Icon, a National Park Service Teaching with Historic Places (TwHP) lesson plan. National Park Service official website
- Liberty Bell Center, National Park Service. Bohlin Cywinski Jackson (architects) website. Retrieved 2010–03–16.