11 септември (настани)
Изглед
1683 | Јован III Собјески од Полска пристигнал со своите војски пред Виена и помогнал во победата над турските војски кои ја држеле под двомесечна опсада. |
1903 | На планината Плавица, во близината на Кратово, здружените чети на војводите Славчо Ковачев и Атанас Бабата воделе еднодневна борба со турската војска. |
1905 | На битолскиот Ат-пазар бил јавно обесен војводата Александар Турунџиев. |
1941 | Претседателот на САД Франклин Рузвелт издал наредба до американското воено воздухопловство и до морнарицата да отворат оган врз сите бродови на силите на Оската кои ќе влезат во водите на западната полутопка. Тоа значело конечно американско раскинување со политиката на изолационизмот. САД отворено застанале на страната на Велика Британија и на СССР, иако стапиле во војна дури по јапонскиот напад врз Перл Харбор. |
1943 | На патот Кичево-Охрид, баталјонот „Мирче Ацев“ урнал три моста и исекол 130 столбови, а во селото Сливово ја запалил жандармериската станица. |
1944 | Сојузничките сили го зазеле Луксембург и се пробиле на германска територија. |
1944 | Струмичкиот партизански одред ја ослободил Струмица и околните села. |
1944 | Ресен бил ослободен од фашистичкиот окупатор. |
1973 | Со воениот удар во Чиле, предводен од Аугусто Пиноче, убиен е претседателот Салвадор Аљенде и воспоставена е антикомунистичка воена диктатура. |
1996 | Република Македонија и Бахреин воспоставиле дипломатски односи на амбасадорско ниво. |
1997 | Република Македонија станала полноправна членка на Централно и источноевропската регионална иницијатива за управување со воздушниот простор (ЦИЕРВИ). |
2001 | Во САД биле извршени терористички напади во кои загинале 3.000 луѓе. Одговорноста за нападите ја презела организацијата Ал Каеда на Осама бин Ладен. |
2003 | Шведската министерка за надворешни работи Ана Линд починала откако претходниот ден била прободена со нож од Мијаило Мијаиловиќ, роден во Шведска со српско потекло. |