8 септември (настани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
1331  Стефан Душан се прогласува за крал на Србија.
1831  Вилијам IV е крунисан за крал на Велика Британија.
1940  На Водно, Скопје, се одржува Покраинската конференција на КПЈ за Македонија. Методија Шаторов - Шарло е избран за секретар на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија, а Кочо Рацин е исклучен од партијата.
1941  Kaj Водно, Скопје, Боро Петрушевски успева да се пробие низ заседата на бугарската војска и полиција, при што убива еден бугарски војник.
1943  Американскиот генерал Двајт Ајзенхауер го објавува примирјето на сојузниците со Италија, а малку подоцна премиерот Бодољо им наредува на италијанските вооружени сили да го запрат отпорот против Британците и Американците.
1943  Ослободен е Дебар.
1944  Ослободени се Пробиштип и Крушево.
1966  Беше емитувана „Човечка стапица“, првата епизода од научно-фантастичната телевизиска серија Ѕвездени патеки.
1991  Ден на независноста на Македонија.
1992  Промовирана е првата редовна поштенска марка на Република Македонија.