17 септември (настани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
1685  Лондон го зафатила голема епидемија на чума од која умреле околу 70.000 луѓе.
1939  Советските единици врз основаа на договорот Рибентроп-Молотов ја нападнале Полска и ги зазеле источните делови. Во нападот се заробени 180.000 војници и околу 9.000 офицери, а потоа почнало ликвидирањето на заробените Полјаци.
1943  Во селото Подвис, кичевско почнало да работи првото училиште на македонски јазик.
1978  Во вилата Кемп Дејвид завршиле разговорите помеѓу египетскиот претседател Садат, израелскиот премиер Бегин и американскиот претседател Картер. Притоа, биле потпишани два документа: рамки за мир на Блискиот Исток и рамки за мировен договор помеѓу Египет и Израел.
1996  Во Пекинг, на Конференцијата на интерпарламентарната унија, Република Македонија е примена во Групацијата медитерански земји.