25 септември (настани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
1493  Христофор Колумбо испловил од пристаништето во Кадис на своето второ патување кон Новиот свет.
1513  Шпанскиот истражувач Васко Нуњез де Балбо ја поминал Панама и станал првиот Европјанин кој го видел Тихиот Океан.
1555  Со мирот во Аугсбург, германските протестантски земји биле правно изедначени со римокатоличките.
1825  Меѓу Дарлингтон и Стоктон, во Велика Британија, била пуштена во сообраќај првата железничка линија за јавен сообраќај. Овој ден се смета за почеток на историјата на железничкиот сообраќај.
1940  Во Норвешка на власт дошла квислиншката влада (наречена според норвешкиот политичар и мајор Видкун Квислинг кој учестувал во германската агресија врз Норвешка во 1940 година, по што се прогласил за шеф на новосоздадената марионетска влада, а во 1945 година е осуден на смрт поради велепредавство), синоним на соработниците на фашистичкиот окупатор низ цела Европа.
1946  Во Скопје е основано Работничко културно-уметничкото друштво „Кочо Рацин“. Друштвото го формирал Месниот синдикален совет на Скопје, со цел да ги обедини работниците и службениците заради развивање на културно-просветната дејност.
1990  Нелсон Мандела бил пуштен на слобода.
1999  Во Скопје, во издание на НИП „Нова Македонија“ излегол првиот број на весникот „Скок“.