22 септември (настани)
Изглед
| 1735 | Роберт Волпол бил првиот британски премиер што се вселил во резиденцијата на „Даунинг стрит“ бр. 10, во Лондон. |
| 1792 | Во екот на војната со контрареволуцијата париските маси го зазеле дворецот во Версај и ги затвориле Луј XVI и неговата сопруга Марија Антоанета. Законодавното собрание прогласило република. |
| 1862 | Американскиот претседател Абрахам Линколн објавил декрет според кој од 1 јануари 1863 година на сите американски робови им се дава целосна слобода. Тоа било резултат од долготрајната борба на прогресивните сили на Американската граѓанска војна, кој барала брза и неодложна акција за ослободување на обесправените црнци. |
| 1862 | Ото фон Бизмарк станал канцелар на Прусија. |
| 1933 | Во Париз почнал Светскиот младински конгрес против војната и фашизмот. |
| 1946 | Во НР Македонија биле одржани првите избори за Уставотворното собрание, кое потоа го донело првиот устав на НР Македонија. |
| 1991 | За првпат во Република Македонија бил изведен светиот чин „Опход на моштите на Свети Климент Охридски Чудотворец“ (опходот траел до 6 октомври истата година), основоположник на Македонската и на првата Словенска православна црква и втемелувач на националната самобитност на македонскиот народ. |
| 1992 | Во Штип е отворена првата приватна специјалистичка гинеколошка ординација во Република Македонија. |
| 1992 | Воспоставена е авиолинија Скопје - Москва. |
| 1993 | Во Бали, Индонезија, Република Македонија е примена во Светскиот совет за енергија. |