30 септември (настани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
1814  По победата на Наполеон, големите сили го свикале Виенскиот конгрес. Одлуките што биле донесени, на Европа и обезбедиле мир, но неколку децении не го решиле прашањето на малите народи, жртвувани за да се наградат големите сили.
1864  Бостонскиот забар Вилијам Мортон прв го употребил етерот како средство за анестезија.
1903  Во Виена и Мирцштег почнал состанокот помеѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот цар Франц Јосиф и нивните министри за надворешни работи, на кој е изработена програма за реформи во Македонија позната како „Мирцштешка реформска програма“, донесени на 2 октомври 1903 г. Со овие реформи, иако битно не се изменила состојбата во Македонија, дале придонес за актуелизирање на македонското прашање во меѓународните односи.
1991  Повеќе стотици илјади Чеси загрижени поради евентуалната поделба на земјата бараа референдум за отцепување на Словачка.
1993  Советот на НАТО го одобри воениот план за поставување на повеќе од 50.000 војници во Босна и Херцеговина во период од две години.
1998  Во Скопје почна со работа Македонската информативна агенција - МИА, официјален јавен информативен сервис на Република Македонија.