Златна порта (Киев)
50°26′56″N 30°30′48″E / 50.44889° СГШ; 30.51333° ИГД
Златна порта Золоті ворота | |
---|---|
Поглед кон музејот | |
Општи податоци | |
Град | Киев |
Земја | Украина |
Златната порта (украински: Золоті ворота) претставува едно од главните обележја на Антички Киев и едно од главните знаменитости на денешната престолнина на Украина, Киев.
Денеска објактот е претворен во музеј и се наоѓа на аголот од Владимирската и Јарославската улица. Во непосредна близина се наоѓа театрот и станица од Киевското метро.
Историја
[уреди | уреди извор]Модерната историја на оваа порта датира од времето на Јарослав Мудриот, Големиот кнез на Киев, односно во 1037 година, во времето кога била изградена црквата Света Софија. Сепак, според други извори, портата била изградена многу порано. Ова доаѓа од сликата на Јан Матејко, каде е прикажан Болеслав Храбриот пред самата порта во 1018 година. Сепак, оваа верзија денеска се смета како легенда.
Во почетокот објектот бил именуван како јужна порта, како една од трите главни влезови во градот. Другите две порти денеска не постојат. Подоцна, оваа порта започнала да се нарекува Главна порта, и со тоа име се задржила до изградбата на златната купола на црквата на благовешетиението, кога и самата порта започнала да се нарекува Златна порта.
Портата е висока 40 метри и широка 20 метри. Голем дел од својата историја, таа служела како Триумфална капија. Се смета дека името на портата доаѓа од истоимената порта која некогаш се наоѓала во Цариград. Подоцна, истото име било ставено и на портата во градот Владимир. По монголската инвазија врз Киевска Рус, портата била во голема мера уништена. По ова, таа била повторно реконструирена и се користела за најразлични церемонии, иако постепено паднала под урнатини.
Првите ископувања биле направени во 1832 година. Во 1970-тите години била претворена во музеј. Во 1982 година, таа била целосно реконструирана по повод 1500 години од основањето на градот Киев, и покрај тоа што не постојат докази како точно изгледала оригиналната порта.